Луис Соријано Бохоркез е учител, кој одлучил неговата мисија на Земјата да се состои од буквално приближување на книгата до читателите. Тој секој ден си го товари магаренцето Алфа со 120 книги и масичка на расклопување, и кроце-кроце шета низ областа Ла Глориа во Колумбија. И не само што им ги носи книгите на децата и притоа прифаќа и нарачки, туку им помага и да научат да ги читаат и да напишат домашни.
Дома има точно 3480 книги, и е многу вознемирен кога не може да најде некоја заради тоа што се наредени во купчиња и кутии. Во моментов гради библиотека, но исто како и претходните 10 години не мисли да се откаже од овој начин на образование на младите поколенија, кои Ла Глорија ќе ја направат вистински ненасилна и славна, не со Воин на коњ, туку со еден единствен учител, качен на магаре.
Предлагаме следната година да му се додели комбинација на Нобелова за мир и за книжевност - според тоа со каква страст зборува за својот проект веруваме дека парите би отишле на вистинското место.