Таг: видео

Стрип со пеење

Нашата љубов кон xkcd  е долга и тенка колку и секое од човечињата во стрипот. Ама не сме саде ние, и не сме саде тука. Еве уште некој кој бил мотивиран да ја изведе тешко певливата Every Major's Terrible, или „Кој и да е факултет е грозен“. Добро легнува во екот на уписите, особено за бруцоши.

Најдоброто од Тони Скот

Иако се уште не е јасно зошто, Тони Скот, режисерот на еден куп добри филмови меѓу кои „Глад" и „Топ ган" и брат на исто така славниот Ридли Скот, вчера, без многу да се мисли, се фрлил од мостот Винсент Томас во Лос Анџелес. Ова се трејлерите за неговите филмови кои ќе се памтат. Бонус: спотот на Џорџ Мајкл за „Уште еден обид" во негова режија.

Најчудната книга на светот

Што да ви кажеме за книгава? Дали е уметност, научна фантастика, мистерија, некаква чудна енциклопедија или само најголемата зафрканција во издаваштвото? Што и да е, изгледа прекрасно.

Нов проект на Ларс фон Трир

„Gesamt" (Цело) ги повикува луѓето од цел свет да снимат петминутен филмски материјал како свое толкување на шест понудени дела. Нормално, едно од нив мораше да биде контроверзно.

Музика за пијано и лева рака

Николас Мекарти е роден без една рака, но уште како тинејџер сакал да биде пијанист. Го одбиле со образложение дека никогаш нема да успее. Ама..

Новите во Мериам-Вебстер

Ова време од годината познатиот речник на англискиот јазик го објавува списокот на новите зборови за кои неговите уредници сметаат дека се веќе толку одомаќени во секојдневниот говор што замижувањето пред нивното постоење би било лексикографски грев.

Среќен роденден сер Алфред Хичкок!

Мајсторот на психолошкиот трилер, кој направи над 50 филмови во шеесетгодишната кариера, денес би имал 113. Во негова чест, 9 трејлери од славните филмови.

Нешто не штима со Крали Марко

Минатиот викенд на Јутјуб осамнаа нови сминки на Џони - уште 18 бисери на народната музика, меѓу кои „Во убавиот стар град Вишеград", „Во рана зора", „Добро утро мој бекријо". Босанскиот „Дневни аваз" по тој повод му се јавил на Штулиќ дома, во Хутен крај Утрехт.

Посмртен поп-арт

Енди Ворхол, роден на денешен ден, 6. август 1928, е закопан на скромните католички гробишта Св. Јован, на рид кој гледа на автопат, 20 минути од центарот на неговиот роден Питсбург. Навидум ништо особено. Ама некој нашол начин и од ова да направи „уметнички проект“.

Јас Тарзан, а ти Фелпс

Не ни е баш јасно како се брои, но ако е точно дека Фелпс во неговата кариера срушил 39 светски рекорди, а Џони Вајсмилер 67, тогаш можеби треба да се преиспита кој е најуспешниот пливач на сите времиња. Она што е сигурно јасно, е кој е најславниот актер помеѓу пливачите.

Ангажирани олимписки кругови

Што добивате ако ги искомбинирате Олимписките кругови - секој симболизирајќи еден континент - со статистички податоци поврзани со различни теми, од економија до права на ранливи групи? Големи, средни и мали кругчиња кои нешто ни кажуваат.

Отисокот на Борхес

Во Саутбенк во Лондон, еден од водечките центри на уметност во Европа, е поставена инсталација од 250.000 книги. Ај што се многу, туку и обликот кој го формираат е прилично необичен.

Последната желба на Арон

Можеби овој пост нема директна врска со темите на Букбокс, но има со она што книгите и воопшто уметноста би требало да го поттикнат - хуманоста.

Осамениот Џеф

Џеф Рагсдејл, стенд-ап комичар од Њујорк, по раскинувањето со девојката западнал во тешка депресија. По едно време се прибрал, и напишал оглас со следнава содржина:

„Илјада зборови" со Еди Марфи (2012)

Некако ни падна мака кога сфативме дека филмов е блиску до тоа да биде прогласен за најлош на сите времиња, ако е според мерките на Rotten Tomatoes, каде тој не мрда од 0%, што според нивни стандарди значи дека филмот е „мувла", или по нашки „тапа".

„Планетата е во ред, ние не чиниме"

Транскрипт од Jammin' in New York, албум во живо снимен 1992 во Медисон Сквер Гарден пред 6,500 луѓе, кој доби Греми за најдобар говорен албум од областа на комедијата. Иако, како и многу други работи што ги има кажано Карлин, ова е повеќе поучно отколку смешно.

 

Композиција за пијано и пет души

Песна од некој британско-ирски „бој бенд", изведена со креативна употреба на пијано - оние кои досега не знаеле дека тоа е жичан инструмент, после ова нема да имаат дилема.

Инструменти направени од она што остана по цунамито

Еден можен начин на сеќавање на некаква национална катастрофа - од нејзините остатоци да се создаде нешто трајно и убаво.

135 кадри кои ќе ви ја вратат вербата во филмот

Она што луѓето го прават во филмовите главно го прават и во животот: мечтаат, се сакаат, плачат, се радуваат, се убиваат. Затоа, не е работата во тоа што, туку како филмот ни ги прикажува овие нешта. Така за да нè замисли, и да нè направи подобри.

Звукот на чукање на машина

Оваа апликација ќе воодушеви два типа луѓе: оние кои младоста ја поминале куцкајќи новински текстови на стара Олимпија и тоа со два прста, и оние кои сакаат тастатурата да им звучи така, за да ги нервираат колегите и домашните.

Книги со чувства

Фино клипче-реклама за австралискиот огранок на Ашет. Секое од нивните 12 промовирани изданија е поврзано со чувство,од имагинација (писмата на Џон Ленон), преку копнеж (готвач од Пјер Дакан), до забава (сликовница за Капетан Кенгур).

Не е Мунк, ама е крик!

За овој проект ви се потребни: камера која се активира кога некој ќе вресне, и врескач. Останатото се фотографии од тие фини, катарзични моменти.

Нобеловците меѓу народот

Леон Ледерман, добитникот на Нобелова за физика, на свои осумдесет и кусур си седнува на прометна улица во Њујорк и Чикаго и одговара на прашања на минувачите.

„Оваа машина убива фашисти"

Човекот кој меѓу двете светски војни ја оживеа американската фолк музика, правејќи ја ангажирана и урбана, и со тоа поставувајќи ги темелите на она што подоцна ќе го наречеме рокенрол, е роден на денешен ден, 14. јули, 1912.