Бил Хaнт сака да врескате, на кого сакате и колку сакате, сè додека тоа го правите пред неговиот изум, Screamtron3000, кој е всушност конвертиран музички систем за караоке кој фотографира секогаш кога ќе се чуе звук на вресок.
„Се обидувам да им влезам во амигдалата", вели уметникот (*амигдала - делот од мозокот каде се складираат спомени и се процесираат чувства). „Некои луѓе врескаат навнатре, а некои нанадвор..а некои пак тотално откачуваат. Секој си вреска различно", заклучува тој.
Во прилог клипче во кое се доловува процесот. Добро, контекстот е малку вештачки (фото студио), ама па може да си замислиш некого пред себе. Врескањето во себе не се важи.