Том ќе се игра себеси во епизода за некакво движење за преживување, „сурвајвализам", во кое луѓето активно се подготвуваат за потенцијални катастрофи, или по нашки - паничари. Премиерата ќе биде во декември, во рамки на 24. сезона. Веројатно заради одржувањето на медиумското фенг-шуи, во новата сезона гостин ќе биде и Џастин Бибер. За препознатливоста на неговиот глас никој ништо не изјавил.
Освен во Симпсонови, Вејтс во октомври ќе се појави на филм во црната комедија „Седум психопати" со Колин Фарел, а се зборува и дека ќе го позајми гласот на Џепето, во новата анимирана верзија на „Пинокио". Туку место толку да снимаше еден концерт да одржеше?