Прв училишен ден

Големи мали луѓе

Откако слушнавме дека во некои училишта за добредојде се пееле „Што ме роди мајко да учам дропки“ и „I like coffee, I like tea/I like Elvis, I like Sting", почувствувавме потреба да го дополниме репертоарот за првоодделенчињата и нивните родители со нешто полирично. Срце ни се стега гледајќи ги толку мали, а толку подготвени да се фатат во костец со животот. Нека им е со среќа!

МАЛ ЧОВЕКУ

Сигурно како огнот што гори,
има едно нешто што ќе научиш:
Работите кои ти се драги
се оние за кои самиот си се изборил.

Среќа е кога шансата
ќе се сретне со подготовеноста,
и ова важи за секоја генерација.

Мал човеку,
додека ми се качуваш по коленото,
целата иднина лежи во тебе
Мал човеку

Никогаш не брзај, биди смирен
на работите им треба време за да пораснат,
Мал човеку.

Не гледај наназад,
има работи кои можат да те одвлечат
движи се кон својата цел
и одговорите сами ќе си дојдат

Мал човеку
Љубовта е во воздухот
таму е, за оние на кои тоа им значи. 

                                            (Toм Вејтс/Теди Едвардс)

3 септември 2012 - 12:12