„Колку е здодевно да си некој“

Пеена Емили Дикинсон

Ефрат Бен Зур е позната израелска пејачка и актерка. Нејзиниот нов албум содржи композиции направени врз стихови на Емили Дикинсон.

Поетесата која во текот на животот објавила едвај десетина песни од речиси 1800-те колку што биле откриени по нејзината смрт, живеела повлечен живот, кого многумина во нејзино време го нарекувале ексцентричен. Била талентирана за музика, свирела пијано, и не е чудно што нејзините стихови течат како мелодија, како да се напишани во одредено темпо. Можеби токму затоа тие се честа инспирација за голем борј композитори: за 12-те песни на Емили Дикинсон на Аарон Копланд, или трите на Андре Превин

Aлбумот „Црвеногушка“ (Robin) на Бен Зур, исклучиво составен од композиции врз стихови на Дикинсон, излезе во март 2012, а во моментов е во тек промотивната турнеја низ САД. Еве три песни од албумот.

ЈАС СУМ НИКОЈ

Јас сум никој! Кој си ти?
И ти си никој, исто?
Тогаш ние сме пар - не кажувај!
Знаеш, ќе нè протераат.

Колку е здодевно да си некој!
Колку јавно, како жаба
Да си го кажуваш името цел божји ден
на восхитувачката кал!

ДО КРАЈОТ

СЕЌАВАЊЕ

10 октомври 2012 - 07:39