И овие луѓе нема да го заборават влегувањето во библиотека. Местото едно пристојно, ти еден фин, навидум не правиш ништо погрешно, а пак кабает. Отприлика како кога при новово зачленување ја побарав „Левитан" од Зупан половина час пред затворање. „Што е автор а што наслов?", се отвори библиотекарката после подолга потрага, среќна што сепак никој тој ден не ѝ ги сруши полиците.