Сандра Стерле (1965) предава на Уметничката академија во Сплит и е позната по нејзините контроверзни перформанси и инсталации кои главно се занимаваат со родовите/женските прашања.
Во овој под наслов „Мачнина" таа намерно повраќа на песната на Мишо Ковач „Далматинецот носи ланче околу врат", која според неа ги промовира вредностите на патријархалната култура, која наметнувајќи ги нормите на мнозинството им ја одзема моќта на оние кои мислат или чувствуваат поинаку.
Откако прв пат бил одржан во 2008., овој перформанс не престанува да ја згрозува, особено хрватската публика, која или излегува од салата или си стои на повеќе од пристојна дистанца. Ние ништо посебно патријархално не видовме во песната, а ако е веќе до повраќање има други на кои и природно би можело тоа да ни се случи, без притоа истото да мораме да го наречеме „перформанс".