Таг: видео

Најпознатиот музички „форензичар“

Дали навистина „Мислејќи на глас“ на Ед Ширан е украдена од Марвин Геј? Колку и песниве да се слични дури и за просечното уво, на суд се бара експертско мислење, од музички Шерлок Холмс.

„Зутопија“ (2016)

Ги знаете оние филмови за деца, кои не само сублиминално, туку и апла се всушност за возрасни? Епа ова е еден од нив.

Зборувате ли инуктитутски?

Наместо да ја учат секоја поединечна буква, домородните заедници на Канадскиот Арктик со помош на христијанските мисионери развиле нешто што повеќе личи на систем на кодирање отколку на азбука. 

Tи не си креативен гениј!

Дали кога сте се обиделе нешто да напишете сте се почувствувале како мазга што влече невлидлив товар, обидувајќи се со сите сили да извадите од себе нешто што никако не сака да излезе? За сите оние кои потклекнале пред овој напор, има решение - да знаеш дека сето тоа не зависи (само) од тебе.

Последното писмо на Коен до неговата муза Мериен

Инспирацијата зад So Long, Marianne и Bird on a Wire, почина ова лето, на 81 година. Само неколку дена претходно, откако дознал дека е болна, Коен ѝ испратил писмо.

„Би бил горд ако во некрологот ме наречат Дјуд“

Шест години откако го сними „Тру грит“ со браќата Коен, Бриџис повторно глуми во нео-вестерн, еден од највисоко оценуваните филмови годинава, „Хел ор хај вотер“. Во интервју за Ролинг Стоун тој зборува на повеќе теми, меѓу кои за незгласливата популарност на Дјуд, Дилан и што научил од татка си.

Композиторот кој бил опседнат со возови

Антонин Дворжак, славниот чешки композитор, бил најпознат по комбинирањето на народна музика од неговата родна земја со романтизмот. Но освен музиката имал и необично хоби - трејнспотинг.

Спрингстин во новата автобиографија: „Страдав од тешка депресија“

На 27 септември излегува книгата од 500 страници „Роден за трчање“ (Born to Run), во која меѓу другото Брус отворено зборува за депресивните периоди низ кои минувал на почетокот од својата шеста деценија (сега има 66).

Море, мори бре

Уште од мали нè учат дека „мори“ и „бре“ се навредливи, и никако не смеат да се користат особено за обраќање кон постари. Синан Гуџевиќ, брилијантен како и секогаш, не само што ни ја покажува славната историја на овие „узречици“, туку и дека тие нè спојуваат како балкански културен простор. Бре, бре..

Луѓето од „Брнинг мен“ - фестивалот на радикалното самоизразување

Илјадниците кои од вчера почнаа да се слеваат во Блек Рок во Невада делуваат како квази-хипици, дојдени среде пустина да се издуваат и да избегаат од досадното секојдневие. Но кои сме па ние да им судиме? 

„Лаптопот“ на Ниче

Вчера, 25.08, се навршија 116 години од смртта на големиот германски филозоф. Во текот на последната деценија од животот тој имал секакви здравствени проблеми, меѓу кои и со видот. Итно му била потребна машина за пишување која бара минимум напор. Решението - нешто што повеќе личи на денешен лаптоп, отколку на стандардна машина за куцање од тоа време.

Пијанистката што го критикувала Сталин и преживеала

Можеби ова е доказ дека и најтврдокорниот тиранин има слаба точка. Во случајот со Сталин, тоа била класичната музика, и посебно една пијанистка.

Луѓе кои буквално умреле од смеење

Одамна не сме се насмеале од срце, ама низ магла се сеќаваме на моменти кога тоа сме го правеле до задушувачка. Некои отишле и чекор понатаму, па со насмевка на лице заминале на оној свет.

Зошто го игнорираме очигледното?

Во книга под истоимениот наслов Маргарет Хефернан ги истражува менталните и емоционалните механизми преку кои одбираме, понекогаш свесно а понекогаш не, да замижиме во ситуации во кои „сме можеле да знаеме, и сме требале да знаеме, но не знаеме, затоа што тоа незнаење нè прави да се чувствуваме подобро“. Знаете за што зборуваме, нели?

„Почудни нешта“ и културата на 80-тите

Една од сериите за кои најмногу се зборува деновиве, чијшто успех се припишува на „факторот на носталгијата“. 

„За љубов или за земјата: приказната за Артуро Сандовал“ (2000)

Десеткратниот добитник на Греми, кој има педесетина албуми со над 200 негови композиции и почесен докторат, во Македонија за многумина стана познат дури откако се сликаше со претседателот, ден по поплавите. Така водата ја однесе и можноста подобро да се запознаеме со човекот, кој освен што одлично дува во труба, има и интересна биографија. Бонус: снимки од концертот.

Tajната историја на советските винили снимени на рентгенски плочи

Стивен Коутс десет години свирел низ Русија со неговиот бенд, а пред четири на бувљак во Санкт Петерсбург наишол на нешто што изгледало како музички албум изрежан на рентгенска плоча. Така почнал неговиот интерес за историјата на овој феномен - пиратирани плочи под име „коски“ или „ребра“ од времето на Студената војна, кои содржеле забранувана западна музика.

Џон Кејџ за металци

Во историјата на музиката имало разни верзии на славните 4 минути и 33 секунди на Кејџ, но колку што знаеме не и ваквa. Ќе си речете тишина си е тишина, ама па жанрот си повлекува.

„Лавиринт на лаги" (2015)

Германски филм за франкфуртското судење од 1958 на оние кои учествувале во злосторствата во Аушвиц - прво од ваков вид спроведено од германски суд, не според меѓународното право туку според тогаш важечки домашни закони. И покрај моќта на темата, филмот сепак е прилично млак.

Некои луѓе не се луѓе

Огранокот на американскиот ПЕН центар (Меѓународното писателско здружение) од Њу Ингланд доделува „награди за книжевна исклучителност" на музичари кои се истовремено автори на стиховите на нивните песни. Овогодишни добитници се Том Вејтс и Џон Прајн.

Историја на уморот

Само што сте станале а веќе се чувствувате изнемоштено? Сите околу вас делуваат ко папсани, без елан, ментално и физички стресени? Не го обвинувајте „современото темпо на живот". Уморот е со нас откако постоиме како вид.

За „Чекајќи го Супермен", документарецот „што тера на размислување"

Во викенд изданието на Дневник, во колумна насловена „Документарец што тера на размислување", Влатко Ѓорчев препорачува филм за образованието во САД, кој „се гледа во еден здив", и кој го поставува образованието „како еден од клучните фактори за развој на општеството". Истиот го опишува како актуелен и релевантен за секоја држава, што значи и за нашата. Доволно елементи за филмот внимателно да се погледне.