Периодот за кој станува збор се поклопува со снимањето на неговиот албум од 2012, Wrecking Ball, која всушност и вклучува песна под индикативен наслов - „Оваа депресија“.
Во интервју за Венити Фер дадено како најава за книгата, тој ги опишува нападите на депресија како „товарен воз полн нитроглицерин кој излегува од колосек“, кога морал да бара медицинска помош. Неговиот страв во тие моменти бил дека ќе стане како татко му Даглас, за кого во книгата зборува со љубов, но кој бил „лик сличен на Буковски“, со краток фитиљ, склон кон пиење и - депресија.
И други негови роднини имале проблеми со менталното здравје, па така во семејството се регистрирани и агорафобија (страв од отворен простор), како и пореметувања чиј симптом е невротично кубење коса и испуштање несоодветни завивачки звуци (како што правела тетка му од таткова страна), епизоди кои останале недијагностицирани, но и за кои не се зборувало отворено.
„Кога бев дете, ова беше истовремено мистериозно, засрамувачко и обично“, пишува тој. Но во интервјуто додава дека со оглед на тоа што не ги познава сите параметри на овие болести, постојано го прогонува мислата дека и тој може сериозно да откачи како и неговите предци.
Еве ја спомнатата песна, во која тој вели:
Не бев секогаш силен/но никогаш не сум се чувствувал толку слаб/Сите мои молитви, залудно
Оние кои ја слушнале песната на албумот веројатно не помислиле дека Брус, тој самоуверен маж кој владее со сцената и изгледа дека има сè што ќе посака, ја напишал за себе. Неговата исповед покажува дека не е сè онака како што изгледа.