Вејтс (во тандем со жена му Кетлин Бренан) и Прајн ќе им се придружат на Чак Бери, Леонард Коен, Ренди Њуман и Крис Кристоферсон во елитната дружина добитници на оваа награда. Првото доделување било во 2012, кога Пол Сајмон и Кит Ричардс им ги доделиле наградите на Коен и Бери.
Со Вејтс и неговите стихови (преведени на македонски тука) доволно сме ве малтретирале. Да го запознаеме Џон Прајн, преку една негова песна, која можеби не е некој поетски врв, ама содржи вонвременски и транс-културни вистини.
Некои луѓе не се луѓе,
Некои луѓе не се фини.
Им ги отвараш срцата
и го наоѓаш ова:
неколку замрзнати пици,
коцки мраз со влакно,
искршено смрзнато лижавче -
Не сакаш да го видиш тоа.
Некои луѓе не се луѓе,
иако одат како и ние,
живеат и дишат
само за да те заебат.
Ти го прават тоа додека спиеш,
те дупчат во здрав мозок
Некои луѓе не се луѓе
некои луѓе не се фини
Можеби ќе одиш до црква
и ќе седнеш во клупа
Ова луѓево што не се луѓе
може да седат веднаш до тебе
Зборуваат за твоето семејство
Зборуваат за твојата облека
а не знаат што им е г’з,
а што им е глава.
Љубомора и глупост
не прават хармонија
Љубомора и глупост
не прават хармонија.
Сте забележале ли
дека кога не сте ок
секогаш има гулаб
што ќе ви се посере на глава?
Или пак сте супер,
и светот ве оставил на раат
и тогаш некој каубоец од Тексас
си почнува војна во Ирак?
Некои луѓе не се луѓе
Некои луѓе не се фини.
Лажат кога ќе отворат уста
со главата во газот
Им ги отвараш срцата
и го наоѓаш ова -
некои луѓе не се луѓе
некои луѓе не се фини.