Раководните луѓе на УЕФА имале состанок со полицијата и фудбалскиот сојуз на Велс и разговарале за можноста финалето на ЛШ во Кардиф да се игра на затворено поради страв од напад со дрон.
Во случај вечерва Бешикташ да го мине Олимпијакос (1:1) и Ајакс Копенхаген (1:2), УЕФА ја разгледува можноста да спречи евентуална средба на турскиот и холандскиот тим во четвртфиналето.
Во 2013-та грчкиот ПАОК и германскиот Шалке играа квалификации за ЛШ а тогаш Германците извадија македонско знаме и ги испровоцираа гостите. Ждрепката пак ги спои двата тима и во Солун има страв од нови нереди.
Европската фудбалска унија УЕФА веројатно драстично ќе го казни белградски Партизан поради неплатени долгови и ќе му забрани да игра во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Препознатливиот термин за ЛШ од 20:45 оди во историјата и ќе биде заменет со два термини, што значи дека ќе имаме можност да гледаме повеќе фудбал. Убавини. Новите правила им одат во прилог на Италијанците кои повторно ќе имаат 4 претставници во елитата.
Анти-УЕФА кореографија синоќа имаше во Копенхаген на мечот на данскиот шампион против Порто. Данците се придружија на многу други навивачки движења во борбата за еднакви права на сите клубови.
До 1995. година играчите не можеле слободно да го напуштат клубот по завршувањето на договорот, туку морале да плаќаат отштети. Поради тоа Жан-Марк Босман во Судот за човекови права ги тужел клубот Лиеж и УЕФА.
Во 1995. година белгискиот фудбалер Жан-Марк Босман одлучи пред Европскиот Суд за човекови права да ги тужи УЕФА, Белгиската фудбалска федерација и клубот Лиеж поради тоа што до тој момент играчите по завршување на договорот со клубот немале целосна слобода во изборот на новата средина, а клубот можел да ги обврзе да останат. Босман ги добива на Суд и од тогаш играчите имаат далеку повеќе права од клубовите, а менаџерите се тие кои тријат раце.
Македонија конкурираше да биде меѓу градовите домаќини на ЕП 2020 кое ќе се игра во 13 различни земји, но УЕФА одлучи за сега да останеме само на европскиот Супер Куп следната година.
На вонредниот конгрес во Атина, Словенецот го порази единствениот противкандидат Михаил Ван Праг од Холандија и стана прв човек на Европската куќа на фудбалот.
Педесет и пет европски фудбалски федерации утре во Атина ќе бираат нов шеф на УЕФА. Ќе се гласа за двајца кандидати: Михаел ван Праг и Александар Чеферин, претседателите на холандската и словенечката фудбалска федерација .
Легендарниот бразилски бек при ждрепката за Лигата на шампионите прво извади едно од топчињата, па ја врати и извлече друга. Тоа ги збуни гледачите и водителот. Во тоа топче беше бугарскиот Лудогорец кој падна во група со ПСЖ, Арсенал и Базел.
На мечот од плејофот за ЛШ меѓу Селтик и израелскиот Хапоел Бер Шева, домашните навивачи развиорија преку стотина палестински знамиња во знак на поддршка на палестинскиот народ во борбата за своите права. УЕФА спрема тешка парична пазна, но на Шкотланѓаните не им е гајле.
Навивачите на Црвена звезда сериозно ѝ се намерачија на УЕФА по одлуката на Европската фудбалска куќа да го признае Косовскиот фудбалски сојуз како нова членка која ќе може да игра квалификации за ЕП и СП.
Не е нов циркус на УЕФА, ниту некаква желба на спонзорите да „намлатат" повеќе пари од продажба на дресови. УЕФА едноставно поведе сметка за немал број на луѓе кои имаат проблем со распознавање на боите.
По историскиот прв пласман на едно Европско првенство, албанските репрезентативци ја остварија и првата победа, против Романија 1:0. Шансите да одат во следната рунда како најдобра трета селекција се теоретски, но сепак постојат. Еве што треба да им се оствари иако е малку остварливо.
Нередите на стадиинот во Сент Етјен започнаа во моментот кога се запали и на терен се фрли првата бакља. Набрзо следуваше и топовски удар од кој настрада еден од работниците на теренот кој одлета неколку метри.
По тешки услови поради град на новиот стадион во Лион, Северна Ирска ја забележа својата прва победа на едно Европско првенство откако со 2:0 ја совлада бледата Украина.
Посрамениот поранешен претседател на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека некои ждрепки во УЕФА биле местени со стариот познат метод на топли и студени топки, но дека во ФИФА тоа никогаш не се правело.
Раководството на УЕФА отвори истрага против Русија поради хулиганите а истовремено и се закани на Англија, но прашањето е кој ќе одговара за несоодветниот распоред на селекциите во градовите.
Поради сериозни обвинувања за местење натпревари, УЕФА покрена истрага против Скендербег од Корча, албанскиот првак, а синоќа донела одлука да го исфрли од квалификациите за Лигата на шампионите.
Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?