Го смени фудбалот, но не ја спаси сопствената кариера. Го смени фудбалот, но на крајот се повлече. Парадоксално е, но треба да се зане дека важноста на Жан-Марк Босман за фудбалот е идентична како онаа на Ариго Саки, Пеп Гвардиола или Јохан Кројф. Пресудата која што го опфати светот на фудбалот не му донесе ништо, напротив.
„Ги скршив оковите врз фудбалот, успеав да го сменам, но мојата кариера не профитираше и никогаш не заработив ништо од тоа“, вели денес 52 годишниот Белгиец Босман за германскиот Bild.
Во 1990. година Босман играл за Лиеж, клуб од Белгија. Неговиот договор истекувал и управата му понудила нов според кој би заработувал многу помалку од претходниот. Босман одбил, сакал да оди да игра во францускиот Дункерг, но Лиеж му барал обештетување од 600.000 евра (во денешни пари).
Превисока сума за тоа време. Поради тоа Жан-Марк Босман го однел целиот случај на Судот за човекови права во Стразбур којшто на 15. декември 1995. година пресудил во негова корист.
Судот утврдил дека врз основа на Римската повелба за човекови права, еден играч може да се спореди со секој друг работник и според тоа има исти права како него и слобода на движење во европските земји по завршувањето на договорот кој го врзува со работодавецот. Повеќе од 20 години по пресудата која што целосно го смени фудбалот, Босман ретко се појавува во јавноста, а сега проговоре за Билд.
„По сите овие години впечатокот е дека пресудата ги скрши оковите со кои беше врзан фудбалот. Сега фудбалерите се слободни да одат каде сакаат, клубовите може да ангажираат било кој слободен играч. Просто кажано: Пресудата го направи фудбалот подобар отколку што беше. Горд сум за тоа што го сторив“, вели Босман.
Како што обично е редот, онојкој што успева да го победи системот и да ја донесе правдата, секогаш е на мета на оние кои стојат од другата страна на законот. Од таа причина Белгиецот го чекала не баш светла иднина.
„Откако ја добив пресудата ми падна камен од срце. Се почуствував рехабилитиран. Целта на мојата кампања беше да најдам нова насока која ќе ми помогне да играм. Но тоа беше проблем: можев да најдам нов клуб, но секоја управа ме сметаше за голем товар кој ќе поставува прашања“, продолжува Босман кој не добил ништо за тоа што ги ослободил фудбалерите од големите давачки по завршувањето на договорот.
Денес се памети само како човекот кој успеал да го смени начинот на трансфери.
„За време процесот кој траеше со години не играв фудбал. Пресудата се донесе кога имав 31 година. Ги изгубив најубавите години од мојата кариера и никогаш, ама баш никогаш не добив надомест за тоа“.
Некогашниот фудбалер на Лиеж и Стандард Лиеж констатира дека не му се допаѓа модерниот фудбал.
„Денес парите царуваат. Се оди многу погрешно отколку порано. Управите и раководствата најдоа начин да се збогатуваат брзо и има голема разлика меѓу богатите и другите“.
Којзнае дали Босман планира да смисли некој нов план за револуционерни да ги среди работите во фудбалот. Иако овојпат би требал да мисли и на својата кариера.
Кратка анимирана сторија за правилото на Босман: