Во 1995. година белгискиот фудбалер Жан-Марк Босман одлучи пред Европскиот Суд за човекови права да ги тужи УЕФА, Белгиската фудбалска федерација и клубот Лиеж поради тоа што до тој момент играчите по завршување на договорот со клубот немале целосна слобода во изборот на новата средина, а клубот можел да ги обврзе да останат. Босман ги добива на Суд и од тогаш играчите имаат далеку повеќе права од клубовите, а менаџерите се тие кои тријат раце.