Португалија и Велс не играа во црвени дресови од хумани причини

Не е нов циркус на УЕФА, ниту некаква желба на спонзорите да „намлатат" повеќе пари од продажба на дресови. УЕФА едноставно поведе сметка за немал број на луѓе кои имаат проблем со распознавање на боите.

Колку пати сте се нашле во ситуација да се запрашате „Чекај, зошто ни една екипа не игра во своите основни бои на дресовите?“
 
Зошто на пример Барселона и Атлетико Мадрид минатата пролет во Лигата на шампионите трчаа во гостински гарнитури дресови? Синоќа на пример Велс и Португалија, во полуфиналето на ЕП играа во сосема поинакви гарнитури, па црвената која што им е прва и основна на двете селекции не беше избрана?
 
Одговорот е затоа што УЕФА ги уважува молбите на многубројните здружение на луѓе кои патат од далтонизам. Ширум светот има многу вакви здруженија на луѓе кои не можат јасно да ги препознаат боите и се служат со разни програми или филтри кои им помагаат како изгледа сликата.
 
Така на пример, вечерва кога Германците ќе истрчаат во бела опрема, а Французите во темно сина (тегет), нема да има потреба да се менуваат гарнитурите како синоќа во Лион.
 
Далтонизам е еден вид делумно слепило коешто се состои во неспособноста да се разликуваат боите. Мака со оваа состојба/болест имаат околу 8 отсто мажи во светот и околу 0,5 отсто жени. Тие за жал не можат да распознаат кој за која екипа игра.
 
На очната мрежичка се наоѓаат нервни завршетоци - фоторецептори за три основни бранови должини на светлост кои се делат во различни канали кои одговараат на црвената, сината и зелената боја. Кај лицата кои не ги распознаваат боите постои пореметување на рецепторите.
 
Во денешната, современа медицина постојат три вида на далтонизам:
1) Протанопија - кога лицето не препознава црвена боја
2) Деутеранопија, кога лицето не препознава зелена боја
3) Тританопија - кога лицето не препознава сина боја.
 
УЕФА ги избегнува овие комбинации на дресови поради далтонистите:

Црвена vs црна
Црвена vs зелена
Зелена vs жолта
Бела vs светло сина

За погодни комбинации на дресови се сметаат:
Бела vs црна
Црвена vs жолта
Црна vs жолта
Сина vs црвена
Сина vs жолта

УЕФА навремено реагирала и ги прифатила барањата, затоа што во спротивно милиони луѓе немаше да ги препознаваат ниту Португалците ниту Велшаните (ќе ги гледаа во едн иста боја).
 
За доволно да го сфатиме ова, потребно е само да ја погледнеме фотографијата од мечот Хрватска - Португалија кој го гледале 2,7 милиони луѓе кои патат од далтонизам.

Еве како изгледаше сликата од тој меч за оние кои не патат од Далтонизам:

7 јули 2016 - 15:15