Таг: среќа

Извршна команда: Бидете среќни!

Тајландската воена хунта која на чело на земјата дојде лани, најави дека не планира таму да остане засекогаш и дека бргу ќе ја предаде власта на цивилните институции во земјата. Но, во меѓувреме "открива" дека, јеби га, 99,3 проценти од населението се среќни со неа.

Зошто ако успееш „на среќа“ не ти се брои?

Улогата на среќата во постигнувањето некаков резултат знае да биде пренагласувана, и оттаму напорната работа на некој којшто постигнал успех да биде потценувана. Но оние воспитани во трудољубив дух одат во спротивниот екстрем - негираат какво и да е нејзино влијание, особено во сопствените успеси. Вистината, како и секогаш, е некаде помеѓу.

Старецот и морето

Преку ситната рипка, старецот сфаќаше колку сме сите ние ситни риби во животното море. Сфаќаше дека суштината на животот и промените се состојат во сопственото наоѓање на мирот.

Далај Лама и Дезмонд Туту ќе пишуваат заедничка книга

Тибетански будист и некогашен англикански бискуп, обајцата борци за човекови права и добитници на Нобеловата награда за мир, ќе се обидат да дадат одговор на тоа како (и каде) се наоѓа среќата.

Моќта на „доволно добро"

Потрагата по „најдобриот од сите можни светови" е сигурен начин како да се откажеш и од она малку животна среќа којашто ти следува. Многу подобро поминуваат оние коишто наместо многу да бираат, уживаат во она што е „сосема ок", исто како тоа да е совршено.

На среќата ѝ е сеедно околу парите

Не е дека парите те прават среќен, туку помагаат да бидеш помалку тажен, е малата ама филозофски важната разлика што ја откриваат од Универзитетот на Британска Колумбија.

Мрчаевци, наше родно село

Колку и да е бесцелно секојдневното мрчење и кукање и оплакување на својот живот и околина, на тоа може да се гледа и како на ритуал кој ги зближува луѓето. Праксата нè советува да бегаме од такви, теориски звучи сосема пристојно.

Екстремни факти за бракот

Бракот не мора да е само уставна категорија. Некогаш со него се занимаваат и од чисто научни потреби, тоест кога на научниците не им се оди дома.

Македонските деца се најсреќни на светот

Колку и постарите да се трудат да биде поинаку и прописно да им го сјебат животот со своите проблеми, македонските деца се најсреќни на светот. Не се знае што да се прави со ваква младина.

Данците се генетски програмирани да бидат среќни?

Владите на државите кои полошо стојат од Данска на глобалниот индекс на среќата можат да накриват капа: одговорот зошто Данците секогаш се на врвот на среќните луѓе на оваа планета да ти лежел во генетиката.

Твојте другари по сокаци одат

Здравјето, среќата и општата благогостојба на еден маж директно зависи од можноста да го прави она што најчесто се дефинира како "бев со другарите, се заебававме." Чисто научно, пропишаната доза е два пати неделно. 

Официјално: Градските паркови нè прават среќни

Подолго време минато во природата на градските паркови го зголемува задоволството од сопствениот живот и не прави помалку агресивни и анксиозни. Можеби кон здравјето, чувството за безбедност, задоволителната работа и позитивните социјални односи треба да се додаде и пристапот кон природата како едно од делчињата од мозаикот на среќата на градските луѓе.

Да му умре сексот на комшијата

Сексот нè прави среќни. Повеќе секс нè прави посреќни. Но, чувството дека имаме повеќе секс од другите – е, тоа е врвот на среќата!

Парите купуваат среќа, а вие како сакате

Класичната економска приказна за парите и добробитта е дека парите купуваат среќа ама до одредена точка, по ова парите имаат се помало влијание на среќата. Новото истражување, тврди спротивно, парите нонстоп влијаат на среќа.

Уште само она ни фали!

Поговорките од типот: "кој последен се смее најслатко се смее", споменарските мудрости кои одлично ни виреат, од типот: "среќата е убава само ако се чека"...

Што е среќа?

Можеби затоа што е Британец, па емотивната воздржаност некако му прилега, или пак е заради неговите камео улоги, во кои најчесто сме го гледале со камен израз на лицето како минува низ кадарот, ама Хичкок никогаш не сум го замислувала како некој кој е чувствителен и кој размислува за среќата.