Со две промоции во две сезони, скромниот клуб СПАЛ од градчето Ферара ќе игра во Серија А после цели 49 години! На стадиончето „Паоло Маца“ од татко на син шалот ќе го носат навивачи кои ќе ги гледаат Јуве, Рома, Лацио, Милан, Интер, Наполи...
Што е тоа што го нема на трибините во Англија, а е белег на фудбалот во Италија? Убавите кореографии. Без разлика дали сте на стадионот на Јувентус или Салернитана, страствените италијански навивачи знаат во секој град да приредат спектакл кој нема шанси да не го извадите телефонот од џеб за да го овековечите со по некоја фотка. За оваа сезона направија листа од топ 10.
Кога татко му го оставил во малата кладилница која што ја држел, малиот Пауло ставил 2 пезоси дека Карлос Тевез ќе даде гол во Копа Либертадорес. Со парите од добивката купил дрес од Бока, а подоцна се запознал со својот идол.
Европската фудбалска сезона се ближи до крајот. Ако во елитните шампионати на Стариот континент знаеме се што се случува, да ја видиме ситуацијата во вторите лиги.
Синоќешниот меч меѓу Тернана и Перуџа донесе само еден гол кој значеше три бода за гостите. Го постигна Франческо Никастро во 75 минута кој со овој потег си заработи место во најавните шпици за наредни неколку години.
Кротоне е град во јужна Италија а истомениот прволигаш синоќа го пречека шампионот Јувентус. За дуелот владеела хистерија за карти па се снаоѓал кој како знае.
Сасуоло помина најголем дел од историјата во аматерските лиги, но по драматичното кревање сега победуваат некои од најпрестижните европски клубови и го радуваат малиот град.
Еден од најпријатните моменти во историјата на италијанскиот фудбал се случи вчера во Серија А. По сложена операција на отстранување тумор од мозокот, напаѓачот на Каљари Федерико Мелкјори се врати во фудбалот и беше најзаслужен за гостинската победа против Интер во неделата.
Кога најдобриот романски фудбалер во историјата поради разни околности беше на излезна врата од Реал Мадрид во 1992 година, реши да се пресели во Бреша и да стане клучен играч во романската револуција на Мирчеа Луческу.
Пескара е последниот патник во Серија А, откако со вкупни 3-1 во двомечот го совлада Трапани во плејофот. Тренер им е Масимо Одо а групата талентирани играчи ја предводи Италијанец со перуанско потекло кој се изнадава голови и доби прекар Игуаин од Серија Б.
И покрај поразот на неговиот Бари од Новара 3:4 во Плејофот за пласман во Серија А, голманот Алесандро Мичаи покажа пантерски рефлекси и тоа во три наврати.
„Тони заменик-градоначалник“, „Клонирајте го“, „Како него нема никој друг“, беа само дел од паролите испишани од навивачите на Верона на мечот против Јувентус кој беше последен во кариерата на високиот центарфор. Тони од пенал со Паненка го постигна 324 гол во кариерата на 344 натпревар. Го заменија во 85’ минута кога целиот стадион стана да го поздрави шампионот.
Екипата на Кротоне влезе во историјата, откако првпат во своето постоење обезбеди пласман во Серија А за следната сезона. На три кола пред крајот, со ремито во Модена прославија неверојатен успех.
На една Фејсбук страна се постираат фотографии на фудбалери од 90-те и првите години на 2000-те и на тој начин се одржува носталгијата. Се постираат не само шампиони, туку и просечни фудбалери кои никој не ги памети.
Откако италијанската јавност откри дека Катанија сезонава купувала натпревари за да остане во Серија Б, денес претседателот на овој клуб и официјално признал на суд дека местеле. Спортскиот директор го прави газдата ненормален.
Во баражот за пласман во Серија А, фудбалерите на Болоња ремизираа со Пескара 1-1 и благодарение на подобриот пласман на табелата се вратија во најдобрата италијанска лига по само една година.
12 години откако му се скрши срцето во финалето на Лигата на шампионите против Милан, најдобриот европски голман вели дека неговиот Јувентус сега има шанса да направи голем подвиг против Барселона.
За прв пат во 106 годишната историја, клубот чии играчи вредат едвај 100 илјади евра ќе биде член во најдоброто италијанско друштво. Пласманот обезбеден на 4. кола пред крајот и прославен на стадиончето што собира 4.000 гледачи.
По целосниот распад на Парма, многу играчи ги раскинаа своите договори и бараа нови клубови. Напаѓачот Никола Поци замина на позајмица во Киево кој за него даде илјада евра, a Салах барал Фиорентина да ангажира преведувач од арапски во Лондон.