Таг: серија а

Бидете фер, сменете им го новиот дрес на Бонучи со друг

Здружението за заштита на потрошувачите во Италија вели дека има луѓе кои давале по 105 евра за нов дрес од Леонардо Бонучи а управата паралелно договарала негова продажба и тоа не е фер.

Светскиот шампион Ѕакардо бара клуб на ЛинкдИн

Во 2006-та беше член на неверојатната генерација на Италија која што го освои Мундијалот и стана светски шампион, а денес праќа апел преку познатата социјална мрежа за да најде нов клуб.

Кога синот на Муамер ал Гадафи стана член на Перуџа во Серија А

Точно пред 14 години контроверзниот претседател на Перуџа потпиша договор со синот на тогашниот либиски диктатор. Саади остана две сезони во клубот, смени уште три тима, а денес е во затвор и ризикува смртна казна.

Марек Хамшик - 10 години љубов, верност, посветеност

На денешен ден во 2007-ма, пред точно 10 години Словакот стана нов играч на Наполи. Многу сакал и на крајот го довел поранешниот спортски директор Пјерпаоло Марино кој го зема од Бреша.

Најлудиот гол на Марадона за Наполи

Против Лацио на „Сан Паоло“ во Неапол. Сезона 1984/1985.

Како Ливерпул го претстави Салах

Црвените од „Енфилд“ го работат можеби најдобриот маркетинг од сите топ европски клубови. Тоа го докажаа и со презентацијата на новиот фудбалер, Египќанецот Салах кој дојде од Рома.

Кој е Патрик Шик, новиот член на Јувентус

На почетокот на изминатата сезона на многумина би им се простило што не го знаат младиот Чех, но 21-годишниот шпиц кој овие месеци стана најбаран фудбалер во Италија, утрово стигна со авион од Европското за млади и потпиша со Јувентус.

И после Италијанците не давале голови

Стандард муабет на двајца другари кога ќе отворат билтен и ќе решат да играат на голови е следново: Батали ги Французите не паѓаат таму многу голови, дај да ги видиме Германците. Статистиката вели дека муабетот им држи вода, ама ако ги бркале сезонава и жабарите немале да згрешат.

Тренерот на Кротоне извозе 1.300 км на велосипед

„Им ветив на момците ако се спасиме, ќе тргнам со точак до Торино. Приказната немаше да има смисла ако не стоев на зборот во кој веруваа дечките“, вели Давиде Никола кој возеше во чест на син му и други загинати на велосипед.

Нека не ве чуди Донарума, така го зафркна и Интер

Дебитираше на 16 години, Милан му овозможи да го покаже неспорниот талент, го направи репрезентативец на Италија и му понуди годишна плата од 5 милиони евра, но младиот Донарума само од нему познати причини одби да го продолжи договорот.

Што се случи со навивачот кој фрли Скутер на Џузепе Меаца

Уште кога Градски ја имаше само Јужна, една од главните заебанции на досаден меч беше да направиш авионче од весник и додека да слета да реагираш како Шаќири да изведува корнер. Во Серија А имаше еден многу поразличен и тежок случај во кој некој можеше да настрада.

Историски пласман во Серија А за Беневенто, има и наш

Две промоции во две сезони, од Серија Ц во Серија Б, и синоќа историски пласман на клубот од Југот во елитната Серија А. Што треба да знаеме за тимот во кој со успех игра и Македонецот Никола Јакимовски.

Титулата оди кај навивачите на Интер

И покрај тоа што имаа никаква сезона, рекордни 8 меча без победа и освојување на седмо место кое не носи Европа, нека им кажат едно големо благодарам на своите навивачите кои покажаа што значи верност и во добро и во зло.

Писмото на тренерот на Кротоне до загубениот син

Тренерот на најголемото изненадување во последните 10 кола на Серија А, Кротоне, Давиде Никола на Фејсбук објавил емотивно писмо посветено на загубениот син.

Голманот кој ја избра професионалноста пред срцето

Уште на 22 години мораше одбере меѓу две работи. Дали ќе брани за честа на клубот и навивачите или ќе му попушти на клубот за кој навива и кој се бори за опстанок. Колегата на Илија Несторовски ги опиша чувствата за најнеблагодарната ситуација во која се најде.

Кој испадна, кој влезе, кој оди во Европа од најдобрите лиги

Фудбалската сезона во најдобрите европски лиги заврши, па време е за мала рекапитулација на состојбата во Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција, Холандија, Русија, Белгија, Турција, Португалија и Украина.

16-годишно дете даде гол во Серија А

Не поминаа ни 24 часа откако Мојзе Кин стана најмладиот фудбалер кој дал гол во Серија А, а попладнево малиот Пјетро Пелегри кој неодамна наполни 16 години ја донесе Џенова во водство против Рома на „Олимпико“ на прошталниот меч на Тоти и го сруши рекордот!

Мојзе Кин - најмладиот стрелец во историја на Серија А

17-годишниот напаѓач на Јувентус Мојзе Кин го даде вториот гол во победата на Јувентус од 1-2 против Болоња и стана првиот играч роден во 2000-та година кој дал гол во Серија А.

Тифозите на Рома го гледаа последниот тренинг на Тоти

Старо, младо, машко и женско. Се собраа стотици навивачи на Рома во тренинг кампот на ’Волчицата’ да го проследат последниот официјален тренинг на капитенот Франческо Тоти пред неговиот последен меч во кариерата вечерва против Џенова од 18.

Најдобрите 10 голови на Тоти во кариерата

Пази, кога од 307 гола треба да одбереш 10 најубави значи дека ќе имаш многу голема ама убава работа.

Син му на Лео Бонучи навива за Торино

На прославата на шестото скудето по ред во Серија А, стоперот на Јувентус излезе на теренот со двете синчиња, од кое едно едното навива за Торино поради што плачело зошто мора да облече дрес од Јувентус. Браво мали, така се станува верен на клубот.

И тифозите на Лацио му оддадоа почит на Тоти

Легендите како него се над секој ривалитет. Откако на стадионите ширум цела Италија навивачите се отпоздравуваат со Тоти кој ја завршува кариерата, сега редот стигна и на оние од кои не се очекуваше многу. Најголемите ривали во животот и кариерата на Франческо, оние од Северната трибина Curva Nord на мечот против Интер синоќа го поздравија Il Capitano.

Џампаоло Пацини ја врати Верона во Серија А

Талентот кој го поседуваше во легендарната генерација на Аталанта, Пацини подоцна во кариерата го демонстрираше во повеќе италијански клубови. Раатот го најде во Верона на која што ѝ донесе експресно враќање во најдобрата лига и стана идол на тифозите.

Летечки магариња или стари магариња од Киево

Италијанскиот прволигаш од градот Верона ги има најстарите фудбалери во Топ 5 европските лиги. Просекот на години на „жолто-сините“ од Верона е 32,9.