И тифозите на Лацио му оддадоа почит на Тоти

Легендите како него се над секој ривалитет. Откако на стадионите ширум цела Италија навивачите се отпоздравуваат со Тоти кој ја завршува кариерата, сега редот стигна и на оние од кои не се очекуваше многу. Најголемите ривали во животот и кариерата на Франческо, оние од Северната трибина Curva Nord на мечот против Интер синоќа го поздравија Il Capitano.

„Доживотните непријатели го поздравуваат Франческо Тоти! Иридучибили“

22 мај 2017 - 09:43