Кои беа најдобри стрелци во Серија А, сезона 2000/2001
Кога еден Баџо, Сињори, Тоти, Трезеге или Инѕаги не може да се избори за врвот на табелата на најдобри стрелци во италијанското првенство, тогаш јасно е кои се бомбастични имиња ја краселе Серија А пред 16-17 години. Читаш од горе до доле и едноставно не ти се верува колку е силна конкуренцијава.
Во контекст на муабетов, на денешен ден пред точно 17 години, претседателот на Лацио, Серџо Крањоти го купи Хернан Креспо од Парма за тогашни 111 милиони марки.