Со просек од 46.622 гледачи на Сан Сиро и пораст од 2,4%, навивачите на Интер се најбројни во Серија А за сезоната 2016/2017. Можеби неочекувано според резултатите на Интер, но ова се факти кои покажуваат како се сака клубот.
Нешто слична е ситуацијата и со навивачите на Милан. Нова сезона под очекувањата, 6-то место кое носи само во Лига Европа, но верност која за разлика од лани пораснала за 6,7%. На истиот стадион сезонава кога играл Милан во просек доаѓале по 40.326 навивачи.
Шампионот се наоѓа на трета позиција со 39.936 навивачи и скок од 3,3%, Наполи паѓа две места, Рома останува петта, а на шесто место според број на гледачи е Фиорентина.
Најголеми поместувања на табела имаа кај Болоња чии навивачи покажале поголема верност од лани изразена во 12%, а најголем пад на посетеност има Палермо со 26% публика помалку од минатата сезона.
Најпосетен меч на сезоната е миланското дерби со Интер како домаќин кога се појавиле 78.328 луѓе.