Германската јавност отвори голема дебата во врска со одлуката на баварскиот клуб да одигра пријателска средба во Саудиска Арабија, во моментот кога во градот Ријад јавно бил камшикуван познат саудиски блогер.
Меѓу останатите работи што саудискиот крал Абдула ги остави зад себе се и околу 7.000 принцови и принцези. На ова плус се и десетици илјади останати членови на кралското семејство.
Се вика Салман бин Абдул-Азиз Ал Сауд, полубрат е на починатиот крал Абдула и до вчера Министер за одбрана на Саудиска Арабија. Инаку речиси 50 години мина како гувернер на Ријад, а неслужбено е главниот медијатор на споровите во рамките на кралското семејство.
Влијателен саудиски клерик забрани правење Снешко потсетувајќи дека светите книги забрануваат создавање слики на нешто што личи на човек. А Снешко без глава можело. Да де.
Во извештајот на Конгресната истрага за 11-ти септември недостасуваат 28 страни, кои оригинално ги имаше меѓутоа во 2002-ра по нарачка на Џорџ Буш беа отстранети и ставени во посебен таен документ, под објаснување дека тие содржат информации што ќе ги нарушат тајните операции на САД.
Шоу од типот на Поп идол или Икс фактор, во кое учесниците пишуваат и рецитираат своја поезија, а 70 милиони луѓе со невидена возбуда ја очекуваат следната епизода. Не е кромид, ова навистина постои.
Студент останува делумно парализиран во сообраќајка и завршува во болница на подолг период. Додека е таму, никој ама никој не му доаѓа во посета, ниту семејството. Тој пушта твит дека е сам и дека никој не го посетува. После твитот се случува ова:
Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија издаде листа на непожелни имиња кои не смеат да им бидат давани на новороденчиња. Што навредливи за муслимани, што онака, нејасно.
Групите за заштита на човековите права се во вонредна паника во Саудиска Арабија, откако тамошниот суд му пресуди на еден обвинет дека треба да биде парализиран, затоа што тој оставил друг човек комплетно неподвижен.
Ако не си жител, во земјата можеш да влезеш по 3 основи - семејство, бизнис или аџилак. Туристи воопшто не се предвидени како каква било категорија на луѓе што можат да ја посетат Саудиска Арабија.
Властите во Саудиска Арабија започнаа со проширување на џамијата Масџид ал-Харам (главната џамија во Мека) со цел да го зголемат нејзиниот капацитет. Единствен проблем е што за проектот треба да демонтираат некои од најстарите делови на најважната џамија во Исламот.
Бразилецот Елтон кој настапува за тимот на Ал Фатех, со фантастичен погодок кој наликува на “сув лист“ ги постави конечните 3:3 на дерби пресметката во Саудиска Арабија, против екипата на Ал Ахил.
Да имаш среќа да бидеш единствената жена од Саудиска Арабија на која државата ќе и дозволи да учествува на Олимписките игри во Лондон. И да имаш несреќа коњот кој треба да го јаваш - да ти се расипе.
Грегоријанскиот календар повеќе не смее да се користи од ниту една државна или приватна компанија / институција во Саудиска Арабија, и во иднина во земјата месеците и годините ќе се мерат исклучиво по Муслиманскиот календар (Хиџра.)