Таг: сад

Како САД му се одмаздија на Коштуница

Кога Американците добиваат информација дека Коштуница го одобрил упадот на американската амбасада во Белград, тие решаваат дека ќе го казнат и тоа уште на следните избори. За целиот план имаат рок од 5 месеци.

План за не дај боже

Не дека се спремаат, ама Американците седнаа и се пресметаа колку авиони би им требало за да го нападнат Иран. Во основа планот е нешто како операција на отворено срце.

Сметката од забавата на Обама

Демократската конвенција заврши, тие што требаа да зборат, збореа, тие што требаа да аплаудираат, аплаудираа. Сега дојде ред да викнат сметка.

Богатство за американските тајни

Само за да се чуваат тајните на САД, годишно се плаќаат над 11 милијарди долари, и тоа без да се сметаат парите што за ова ги трошат тајните служби.

Куфер дипломатија

Четири години откако на блиските им кажа дека "ниту во милион години" не планира да стане Државен Секретар, Хилари Клинтон постави рекорд за најшетан секретар во историјата.

Политика на рампа

Тоа што САД убија 24 пакистански војници, по што им беше затворена границата меѓу Пакистан и Авганистан, сега ги чини Американците по 3 милиони долари на ден.

Денот на железницата

Итаме кон Гринзборо, Северна Каролина, градот Винстон Салем. Сега цигара звучи уште послатко ама не даваат пустите да чуриш на возов. Ајде тој Шарлот нека се појави на видик па да изедам две Камел без филтер.

Америка си ја најде нафтата

Како во најдобрите маалски муабети за тоа како Американците си ја чуваат својата нафта, од САД доаѓа веста дека на средниот Запад на земјата се откриени резерви на нафта еднакви на сегашните светски резерви.

Џабе мачењето

По 3 години анализирање на 10 години тортура над секакви заробеници, комитетот на американскиот Сенат дојде до заклучок - тортурата не функционира.

Циркус Циркус

Има денови кога во крајно сомнително маало на непрежалената и купуваш подарок од фетиш продавница, за подоцна да уживаш во изложба на Моне а ноќта да ја завршиш во стриптиз бар. Вива Лас Вегас.

Адвокатот на реднекот

Факултет завршив во албанска средина и таму ја прележав регионалната сипаница на несакање некого по национална основа. На Штулов научив дека на речиси сите студенти подеднакво ни се правеа истите будалаштини. Сфатив дека сум полн со предрасуди единствено за шупци и идиоти, независно дал биле од наша ил од нивна. И обратно пропорционално, длабок наклон и почит се уште имам за еден куп луѓе кои ги запознав за време на студиите. И од наша и од нивна. Сега добив прилика од прва рака да сведочам што народ живее на американскиот југ и да тестирам до каде сум еволуирал на скалата на интерпретација на други живи суштества од нашава сорта.

Најмногу Американци се Германци

Најголемиот број од луѓето што живеат во САД потекнуваат од европски eмигранти кои се преселиле таму меѓу 17-от и средината на 20-от век. Кинезите, Индијците и слично масoвни народи ги нема ни во првите 12.

Румена плима

Стариот мој е поболен по белградски Партизан, јас пак прво лице множина користам единствено за МЗТ Скопје а душичката и на 7.000 милји од дома ми трепери кога победуваме, па знам што значи да сакаш тим. Јужњаците се будат и заспиваат со американски колеџ фудбал и секој меч е церемонија и додека утакмицата трае, на улиците е штама.

Шах мат, изгубив р(а)ат

Битката со војната и насилството ја загубив одамна и планирам да го прославам поразот, зошто ако продолжам да му се лутам на светов или ќе заработам дијагноза или ќе повратам лава.

Холивудскиот бункер на Хитлер

Булдожерите се подготвени да срамнат со земја спомен на еден многу бизарен дел од американската историја: генерал - штабот кој тамошните фанови на Адолф Хитлер го изградиле за да има човекот каде да дојде откако ќе победи во Втората Светска Војна.

Излегол од рајот но не и од училиштата

Дури 19 сојузни американски држави им дозволуваат на наставниците да им делат "воспитни" на учениците. Правото на педагошко плескање се користи во случаи на  'тешки облици' на непримерно поведение: фрлање хартија или зборување на час.