Таг: русија украина војна

Авдивка и скршениот руски морал

Војната во Украина беше шокантна и потресна за целосната западна јавност која изминативе три генерации нема видено војување на ова ниво. Таа гледа измачувачка, убиствена бруталност во која мажи влегуваат во борба, претрпуваат тешки загуби, и потоа преживеаните - по краток одмор, ако имаат среќа - се повторно вратени во борба, и повторно и повторно се додека војниците почнат да веруваат дека смртта е сигурна.

Убиството на Дугина и тајната војна на украинските шпиони против Русија

Возило со жена, 12-годишно девојче и мачка во транспортер во јули 2022 од Естонија влегуваат во Русија. Според досега необјавено сведоштво што го пренесува Вашингтон пост, во транспортерот освен мачка има скриено и непознато количество експлозив. Истиот овој експлозив на 20 август 2022 требаше да биде искористен за убивање на Александар Дугин. Наместо него, беше убиена ќерка му, Дарја.

Како американската опрема стига до Украина

Најголем дел од тие 43,7 милијарди долари воена опрема што Америка и ги испрати на Украина требаше преку океан во бродови да биде префрлена од Америка во Европа. Само најголемиот превозник на Пентагон, до сега има префрлено опрема со површина од 460.000 метри квадратни.

Америка препишува од војната во Украина

Ако во Втората светска војна палење цигара во ров ноќно време беше речиси сигурна егзекуција од непријателски снајпер, на фронтот во Украина тоа е палење мобилен и врзување на ближната мобилна антена.

Западниот оклоп не е за праќање во Украина

И покрај добронамерноста на Западот и волноста да се испратат најразлични типови на борбени оклопни возила и тенкови за да и се помогне на Украина, истите тие не се компатибилни со типот на војна што се води во Украина.

Дали Абрамс тенковите ќе го сменат фронтот?

Неколку месеци откако германските Леопарди и британските Челенџери пристигнаа во Украина и излегоа на фронтот, во земјата конечно стасаа одамна посакуваните американски Абрамс тенкови. Иако не е најновата верзија, и таа што стигна е еден од најмоќните тенкови на планетава.

Украина со право се откажала од западните тактики

Одлуката на украинската војска да ги напушти западните тактики на масовни напади на руската одбрана и истите да ги замени со операции на мали групи по разни точки на одбраната е сосема на место и им донесе успех на фронтот.

Руските дронови полни со европски делови

Киев испратил документ од 47 страници до земјите членки на Г7 во кој се тврди дека во изминатите три месеци се извршени над 600 напади само врз украинските градови со помош на дронови кои во себе имаат западна технологија.

Русија учи

На почетокот од војната колку што Русија беше изненадена од лошите перформанси на военото поле, толку и Западот и Украина беа изненадени колку лесно беше поразен непријателот. Од тогаш Русија константно се адаптира начинот на кој Украина ја води војната.

Русија произведува 700% повеќе муниција од Западот

Досегашниот исход на западните санкции врз руската воена индустрија е дуплирање на производството на тенкови и дуплирање на производството на артилериска муниција, а руското производство на муниција е 7 пати поголемо од западното.

Украинците ја завршија обуката за Абрамсите

10 од 31 ветен Абрамс М1 тенк треба да се во Украина до средината на септември, а луѓето што треба да управуваат со нив ја комплетираа обуката и се подготвени да излезат на фронт.

Изгубени во терминологијата

Западните сојузници имаат волја да ги обучат и опремат украинските војници, Украина има волја и луѓе кои сакаат да научат од западните сојузници за да можат да ја ослободат татковината. Тоа што фали е луѓе кои ќе помогнат двете страни да се разберат.

Разговорот со Путин што го вознемири Шолц

Во првите недели од војната во Украина германскиот канцелар е еден од светските лидери кој разговара со Путин во обид некако да го разубеди од патот по кој е тргнат. Телефонскиот разговор завршува со сериозна вознемиреност на Шолц.

Како Т-64 стана поважен за контраофанзивата од Леопардите

Т-64 ниту е најдобар, ниту е најбрз, ниту е најмоќен, ама го има во доволен број и Украинците доволно не го жалат за да може да ја заврши најтешката работа во контра-офанзивата - да отвора пат низ руските мински полиња.

Њујорк тајмс почна по име да прозива непослушни украински генерали

Додека Вашингтон официјално е на ставот „не им се мешаме на Украинците,“ Њујорк тајмс во улога на гласило на Пентагон го објавува украинскиот генерал кој според американската воена врхушка со својата стратегија спречува поголем успех на контраофанзивата.

Американците и Украинците во клинч како да ја спасат контраофанзивата

Американски и украински функционери со недели имаат „интензивна дебата“ околу стратегијата и тактиките неопходни за оживување на заглавената контраофанзива, пишува Вол стрит журнал, додека во исто време Њујорк тајмс пренесува американски и западни функционери кои ги критикуваат Украинците дека преголем број единици им се распоредени на погрешни места.

Само Украина може да ја ослободи Украина, ама за тоа требаат милиони Украинци

Ако Русија на толку бомбардирање на Киев ништо посебно не го наруши функционирањето на главниот град и украинската влада, тогаш Украина уште помалку предизвика какво било посериозно пореметување во Москва. Дури Украина и да ги добие посакуваните ракети, тие нема да ја решат војната. Пресудно за војната е колку Украинци се подготвени да излезат на фронт.

Американското разузнавање ја прогласи контраофанзивата за пропадната

Спречени од минските полиња Украинците нема да ја остварат клучната цел на контраофанзивата да стигнат до Мелитопол  стои во процената на ситуацијата изработена од американското разузнавање.

На Белата куќа не ѝ е по мерак што Украина му запна на Кримскиот мост

Украина, иако можеби задоцнето но стратешки оправдано, периодов е посветена и своите најголеми успеси ги има во уништување на Кримскиот мост и општо мети на Крим. Разбирливо, ова не е по мерак на Москва, но во исто време не е по мерак ни на Вашингтон.

Русија во лов на западните ракети во Украина

Паралелно со успесите и неуспесите на руската ПВО на фронтот, руската војска тера посебна операција за откривање и уништување на залихите на западни ракети што се чуваат во Украина, на што се должат и се подлабоките напади на украинска територија.

Моќната украинска 82-ра бригада влезе во контраофанзивата

Се работи за една од најмоќните и најдобро опремените единици на украинската армија која до сега беше чувана во резерва. Откако очекуваниот пробив не се случи, Украина реши во борба да ги внесе и 2.000 војници на 82-та бригада кои на фронтот за прв пат носат борна кола Страјкер и Членџер 2 тенкови.

Украина ги смени сите началници за регрутирање

Комплетната постава на шефови на регионалните центри за регрутирање во украинската војска се отпуштени од работа откако истрагата потврди дека во земјата за пари може да се избегне служење војска.