Таг: русија украина војна

Русија во лов на западните ракети во Украина

Паралелно со успесите и неуспесите на руската ПВО на фронтот, руската војска тера посебна операција за откривање и уништување на залихите на западни ракети што се чуваат во Украина, на што се должат и се подлабоките напади на украинска територија.

Моќната украинска 82-ра бригада влезе во контраофанзивата

Се работи за една од најмоќните и најдобро опремените единици на украинската армија која до сега беше чувана во резерва. Откако очекуваниот пробив не се случи, Украина реши во борба да ги внесе и 2.000 војници на 82-та бригада кои на фронтот за прв пат носат борна кола Страјкер и Членџер 2 тенкови.

Украина ги смени сите началници за регрутирање

Комплетната постава на шефови на регионалните центри за регрутирање во украинската војска се отпуштени од работа откако истрагата потврди дека во земјата за пари може да се избегне служење војска.

Контраофанзива 2024

Не очекувајќи некој драстичен напредок на фронтот западните сојузници на Украина веќе почнаа да ја меркаат пролетта 2024 како период за почеток на нова унапредена и подобрена контраофанзива.

Дали Ф-16 ќе направеше разлика во украинската контраофанзива?

Процената што ја пренесува Њујорк тајмс е дека експертите се сомневаат дека американските воени авиони ќе довеле до некој значително поинаков исход од сегашниот, надополнувајќи дека истите тие веруваат дека Киев може да победи и без нив.

Украина ја добива војната, ама нема да биде брзо

Целиот Запад што предвидуваше брза и лесна победа на украинската контраофанзива ем погреши, ем му наштети на Киев со издигнувањето на очекувањата до небо, ама тоа не значи дека на крај Украина нема да биде победникот, анализира британски Тајмс.

Да не ги има некој видено британските тенкови во Украина?

Британија беше главната сила која го влечеше Западот да ја снабди Украина со модерни тенкови, и беше прва која испрати тенкови од нова генерација во Украина за да ги охрабри своите сојузници. Од почетокот на контраофанзивата, нејзините тенкови ги нема никаде да се видат на фронтот.

Дали Си-ен-ен го крена белото знаме за Украина?

Андерсон Купер разговара со Џим Шуто, главниот известувач на Си-ен-ен за национална безбедност. Темата е украинската контраофанзива и недостатокот на истата. Во последните 20 години веројатно само за победата на Трамп атмосферата во Си-ен-ен била вака траорна како сега.

Русија ги испразни гробиштата за советски тенкови

Едно од најголемите складишта (ограден отворен простор) на кое со децении дремат советски тенкови и останата воена опрема периодов е речиси половина празен, откако паркираната опрема почна да се префрла на украинскиот фронт.

Западот почна да добива „отрезнувачки“ извештаи од контраофанзивата

Во целото свое јунаштво и успеси во војната против Русија, Украинците ни за момент немаа проблем да признаат и на цел глас да ги алармираат своите сојузници дека контраофанзивата нема да биде ни брза, ни лесна, ниту пак дека треба да се има епски очекувања од истата. Како што ова постепено се остварува, Западот почнува да паничи.

Патриот, спасителот на Киев

На 16-ти декември, 15 минути го делат Киев од целосна евакуација кога Русија лансира 49 крстосувачки ракети на главниот град. Украина на ова враќа со комбинација од десетици НАСАМС, С300 и Ирис-Т проектили, спасувајќи ја енергетската инфраструктура на градот и со тоа спречувајќи го премрзнувањето на два и пол милиони жители. Овој арсенал Украина подоцна го надолни со Патриот, правејќи ја одбраната на Киев непробојна.

Европските компании имаат 100 милијарди евра минус од бојкотирање на Русија

Се работи за директна загуба што ја имаат најголемите европски компании од повлекување или прекинување на секаква соработка со Русија, а половина од сумата отпаѓа на енергетските и услужните дејности, покажува анализата на 600 годишни извештаи спроведена од Фајненшл тајмс.

Што ги тера Русите да се борат?

Градови паѓаат, села се освојуваат, офанзивата не оди како што сакаат, но сепак има доволно видлив напредок, тоа што на Украинците не им е јасно е зошто непријателот толку упорно брани небитни точки.

Путин се подготвува за поголема војна, а не за излез од Украина

Кога руската Дума го изгласа новиот Закон за мобилизација, првиот човек на Комитетот за одбрана на Думата, Андреи Картаполов, порача „овие амандмани се напишани за голема војна и за општа мобилизација, а мирисот на оваа голема војна веќе може да се почувствува.“

ЛМУР, проектилот што ја кочи украинската контраофанзива

Додека Украинците со крајни напори гледаат некако да маневрираат низ лавиринтот копнени пречки на фронтот (од ровови до мински полиња), Русите ги ескалираат проблемите во игра вклучувајќи го „изненадувањето на сезоната“ хеликоптерите Ка-52М и нивните ЛМУР проектили.

Украинските тенкови работат на руска нафта

Документите на украинската царина покажуваат дека Украина увезува се повеќе дизел од Унгарија и Турција, две држави кои во своите рафинерии масовно преработуваат руска нафта, пишува германски Ханделсблат.

Главниот украински јуриш е почнат

Откако изминативе месеци најголемиот дел од најдобро обучените и опремени единици беа држени во позадина, Украина сега почна и нив да ги внесува во борбата започнувајќи го главниот удар на контраофанзивата, тврдат американски функционери за Њујорк тајмс.

Секои 100 метри ја чинат Украина 4 до 5 војници

Како што украинската контраофанзива полека добива на сила, така не запира ни константниот прилив на ранети и загинати украински војници. И за сега изгледа како ова да нема крај.

Бахмут да се затвори и да се претвори во град-споменик

Моментално Русите го сметаат Бахмут за ослободен, а Украинците за окупиран. За некоја недела / месец, тоа може да се смени. Што и да се случи, кој и да е ослободителот, наградата ќе биде град кој изгледа како да сака еднаш засекогаш да му ги скратат маките. Снимката е од деновиве и од тоа што се гледа како најлогично решение да е Бахмут никогаш повеќе да не биде населен град.

Од Русија избегаа 253 милијарди долари капитал

Од почетокот на војната во Украина од Русија се повлечени рекордни 253 милијарди долари, барем според бројките на руската централна банка.

Зеленски најави јуриш

Деновиве украинскиот претседател им се обрати на западните лидери убедувајќи ги дека контраофанзивата против Русите кај да е „ќе забрза“ откако главните донатори почнале да се секираат околу бавното темпо на операцијата.

Ќе гледаме ли поморска војна заради жито?

Русија објави дека се повлекува од договорот за жито и дека секој брод што ќе биде начекан во Црното море ќе се смета за непријателски. САД за сега не планираат да придружуваат цивилни бродови низ Црното море, меѓутоа таму има доволно НАТО членките на кои би можела да падне оваа обврска.