Вториот финалист во Лигата на шампиони беше одлучен по квалитетна фудбалска претстава со траење од 120 минути во чија завршница поуспешна беше екипата на Баерн која по изведувањето на пенали обезбеди финале на својот стадион во Минхен.
Вечерва ќе го добиеме и вториот финалист во Лигата на шампиони на натпревар на кој Реал Мадрид на Сантјаго Бернабеу ќе се обиде да ја надмине предноста од 2:1 на Баерн Минхен од првиот полуфинален натпревар.
Барселона не успеа да го сопре Реал Мадрид на патот кон титулата. Кралскиот клуб славеше на Камп Ноу по пауза од пет години и со победата од 1:2 го зголеми водството на недостижни седум поени предност во однос на најголемиот ривал.
Баерн Минхен го направи првиот чекор кон финалето на Лигата на шампиони кое ќе се одигра во нивниот град, откако на првиот полуфинален натпревар го совладаа Реал Мадрид со гол во последната минута. Пред натпреварот од соблекувалната на Реал Мадрид на Алијанц арената биле украдени шест пара копачки.
Радоста на Барселона на негативата од само еден поен траеше само еден ден. Реал Мадрид си ја врати предноста од четири поени со победата од 1:4 на гостувањето кај Атлетико во големото градско дерби на Мадрид. Стрелец на три гола беше Кристијано Роналдо со што Португалецот го престигна Лионел Меси на листата на стрелци.
По еден прекршок на натпреварот против Валенсија, Пепе остана да лежи на тревата, а неговиот соиграч Арбелоа се обиде да го крене за да не губат време. И потоа следеше реакција во стилот на Пепе...
По двата кикса со Малага и Виљареал, Реал Мадрид забележа две импресивни победи со резултат 5:1 и дојде до бројката од 100 постигнати голови оваа сезона. Барселона го победи Атлетик Билбао со 2:0 на 100-от натпревар на кој Лионел Меси се запиша во листата на стрелци.
По киксовите со Малага и Виљареал и победата на Барселона на гостувањето кај Мајорка, предноста на Реал Мадрид се намали на само три поени. Но без нервозниот Мурињо на клупата, мадриѓаните дадоа соодветен одговор и го победија Сосиедад со 5:1.
На последните две одиграни кола во шпанската Примера, за 4 дена Реал Мадрид прокоцка 4 поени и сега предноста во однос на Барселона се стопи од 10 на 6 поени. Мурињо, Роналдо и останата компанија како сами да си пукаа во нога.
На 11 кола пред крајот на шпанската Примера, предноста на Реал Мадрид пред второпласираната Барселона се намали на 8 поени. Има ли шанси актуелниот шампион да изведе чудесен пресврт и да ја одбрани титулата?