Таг: перо антиќ

Осум минути за Антиќ на официјалното деби во НБА

Го дочекавме и тој ден. Македонија и официјално стана дел од НБА лигата преку Перо Антиќ кој ги одигра првите осум минути за кои остана без поени при поразот на Атланта на гостувањето кај Далас.

Пораз за Атланта и на последниот претсезонски тест

Без сите играчи од стартната петорка на претходниот натпревар, Атланта Хокс загубија од Далас Маверикс на последниот натпревар пред почетокот на новата сезона, а Антиќ доби најголема минутажа до сега.

Перо Антиќ сè подобар во Атланта

Атланта Хокс забележа уште еден пораз во подготвителните натпревари пред новата сезона во НБА лигата, а Перо Антиќ го одигра за него најефикасниот натпревар до сега во НБА.

Четири поени за Антиќ во поразот од Мемфис

Перо Антиќ го одигра третиот претсезонски натпревар на кој неговиот тим доживеа нов пораз. Атланта Хокс загуби на домашен терен од Мемфис Гризлис со 82:90.

Антиќ солиден во поразот на Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс го забележаа вториот пораз на третиот претсезонски натпревар, а Перо Антиќ имаше учинок од шест поени.

Перо Антиќ дебитираше за Атланта

Првиот Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ го имаше своето деби за Атланта Хокс. Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија одигра 15 минути на првиот претсезонски натпревар и тоа против шампионот Мајами.

Првиот тренинг на Перо Антиќ во НБА

Уредниците на видео каналот на Атланта Хоукс направија кратко интервју со Перо Антиќ по неговиот прв официјален претсезонски тренинг во НБА.

Антиќ: Судијата Артеага ни се закануваше

Продолжуваат проблемите на нашата репрезентација со судиите на Европското првенство. Овој пат капитенот Антиќ го обвини шпанскиот судија Артеага дека им се заканил на нашите кошаркари уште во Шпанија.

Тренерот на Перо Антиќ уапсен за пијано возење

Перо Антиќ ќе има весело друштво во НБА. Тренерот на Атланта Хоукс, Мајк Баденхолзер е уапсен заради возење под дејство на алкохол.

Откриена е платата на Антиќ во НБА

Според hoopsworld.com првиот Македонецот кој направи историски чин за македонскиот спорт, во Атланта Хоукс ќе заработи 1,2 милиони долари за една сезона.

Перо Антиќ и официјално е член на Атланта

Историски момент за македонската кошарка. Перо Антиќ е првиот кошаркар од Македонија кој ќе игра во НБА лигата откако Атланта Хоукс и официјално објави за договорот со нашиот капитен.

Адвокатот што го однесе Антиќ во НБА

Македонија конечно ќе има кошаркар во најсилната лига на светот. Перо Антиќ се сели во Атланта Хоукс. Освен квалитетите на самиот кошаркар, најголема заслуга за неговиот мега трансфер има и еден адвокат кој криминалците реши да ги замени со кошаркари и од тогаш владее со европските трансфери.

Грците импресионирани од Антиќ

По двете одлични партии прикажани во полуфиналето против ЦСКА и во финалето против Реал Мадрид, Грците направија видео во кое ги истакнаа неговите добри игри во одбраната и нападот со што Перо Антиќ беше еден од најзаслужните за втората титула во серија на Олимпијакос.

Забивањето на Антиќ

Перо Антиќ беше еден од најзаслужните за големиот триумф на Олимпијакос против Реал Мадрид, а овој негов потег беше прогласен за најдобро забивање на финалето од кошаркарската Евролига.

Перо Антиќ повторно на европскиот трон!

Капитенот на кошаркарската репрезентација по втор пат се најде на врвот на Европа. Перо Антиќ беше еден од најзаслужните при победата на Олимпијакос над Реал Мадрид за одбрана на титулата во кошаркарската Евролига.

Антиќ ќе брка фајнал-фор преку мајсторка во Атина

Кошаркарите на Олимпијакос имаа водство во текот на целиот натпревар и меч топка во своите раце, но во финишот му ја препуштија победата на Анадолу Ефес со што за пласман во фајнал-фор ќе одлучи последниот натпревар во Атина.

Антиќ и Олимпијакос на победа до фајнал-фор

Актуелниот европски шампиони, екипата на Олимпијакос предводена од вечерва одличниот Перо Антиќ, ја забележа втората победа над Анадолу Ефес и се наоѓа на чекор до завршниот турнир од кошаркарската Евролига.

Олимпијакос на Антиќ поведе против Ефес

На првиот четвртфинален натпревар помеѓу Олимпијакос и Анадолу Ефес, актуелниот европски шампион чиј член е Перо Антиќ по тврд и неизвесен натпревар со помош на маестралниот Принтезис славеше со 67:62.

Антиќ и Олимпијакос меѓу осумте најдобри во Европа!

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со европскиот кошаркарски шампион, екипата на Олимпијакос, славеа победа над Химки во 14-то коло на Евролигата и изборија пласман во четвртфиналето.

Антиќ го победи Мекејлеб

Перо Антиќ со Олимпијакос прослави важна победа на гостувањето во Истанбул кај Фенербахче на Лестер Бо Мекејлеб и остана во трка за пласман во плејофот на кошаркарската Евролига.

Антиќ победи во Сиена, Мекејлеб повторно загуби

Во 11-то коло од Топ 16 фазата на најелитното европско кошаркарско клупско натпреварување, Олимпијакос со пресврт триумфираше во Сиена, а Фенербахче забележа уште еден пораз.

Порази за Антиќ и Мекејлеб во Евролигата

Македонските претставници во кошаркарската Евролига, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб претрпеа порази во 10-то коло од Топ 16 фазата.

Мекејлеб загуби во Сиена, Антиќ славеше во Истанбул

Во 9-то коло од кошаркарската Евролига, Перо Антиќ со актуелниот европски шампион Олимпијакос ја забележа петтата победа во серија, а Мекејлеб загуби на гостувањето кај својот поранешен клуб.

Нова победа на Антиќ во Евролигата

Перо Антиќ прослави важна победа во осмото коло од Евролигата. Олимпијакос ја совлада шпанската екипа Каха Лаборал со 82:74 за четврто место во групата Ф.