Судиите повторно имаа важна улога и на вториот натпревар на нашата репрезентација. Овој пат спорна беше одлуката на шпанскиот судија Хуан Карлос Артеага кој во последната минута кога Македонија се доближи на негатива од -4 поени, досуди непостоечки фаул при чисто украдена топка од Гечевески и со оваа негова одлука директно влијаеше на конечниот резултат.
На прес конференцијата по натпреварот, капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ им ја честиташе победата на Литванците, но притоа упати и сериозни обвинувања на сметка на шпанскиот судија.
„Шпанскиот судија Артеага судеше и на пријателскиот натпревар против Шпанија и уште тогаш ни се закануваше дека „ќе видите што ќе ви се случи на Европското првенство", изјави Антиќ.