Веб порталот специјализиран за НБА лигата ги објави платите во најквалитетната кошаркарска лига во светот, а тоа што најмногу ја интересираше македонската јавност беше колку нашиот капитен Перо Антиќ ќе заработи во САД.
Со оглед на договорот на Перо Антиќ со Атланта кој гласи 1+1 година, за сега македонскиот кошаркар ќе заработи 1,2 милиони долари, а доколку остане и втора година во НБА лигата на сметка ќе му легнат уште дополнителни 1,25 милиони долари.
Перо Антиќ кој пред 4 дена стана првиот македонски кошаркар кој ќе заигра во најелитното кошаркарско друштво е највисон кошаркар во тимот со 210 см, а според hoopsworld најплатен е неговиот колега Ал Хорфорд кои во наредните три сезони ќе заработи 12 милиони долари.