Таг: Пентагон

Пентагон и кучињата од 25.000 долари

И покрај неколку обиди за разработување на домашниот пазар и одгледувачници, американската војска своите кучиња ги купува од Централна и Источна Европа. Цената на овие примероци е 25.000 долари од куче, и до крај на обука таа знае да порасне и за до 10 пати.

Aмериканската војска купува Вијагра како да ќе снема

На објаснувањето на Трамп дека трансродовите лица нема да можат да служат во американската војска заради медицински трошоци и пречки, реакцијата беше отворање на воениот буџет на САД и чепкање низ трошоците. А таму, 84 милиони долари годишно за Вијагра.

Како Холивуд ги промовира војните на Пентагон, НСА и ЦИА

Американските разузнавачки агенции влијаеле врз повеќе од 1.800 филмови и телевизиски серии, покажува анализа на двајца новинари на илјадници документи од американската војска и разузнавање добиени преку законот за слобода на информации.

Може ли Пентагон да ја пројде годината со само 603 милијарди долари?

Трамп го најави својот прв предлог буџет за 2018, во кој парите предвидени за Пентагон се зголемија за 54 милијарди долари. Ова одма наиде на поплаки, од луѓето од Пентагон кои се жалат дека парите не им стигаат. Пред овие дополнителни 54 милијарди во 2018, за 2017 е предвидено да добијат дополнителни 30 милијарди.

Како да заштедиш 125 милијарди долари и зошто не

Внатрешен извештај на американското министерство за одбрана покажува како можат да заштедат 125 милијарди долари на бирократски работи. Проблем со извештајот е што не дај боже Конгресот може да се фати за него и да крати буџет, па документот целосно исчезнува.

Најскапата "бензинска" станица на светот

Американците во својот поход за освојување на "срцата и умовите" на Авганистанците, одлучуваат да изградат "бензинска" станица во Северен Авганистан. Комплетирањето на овој потфат проектирано е да чини меѓу 200 и 500 илјади долари. 3 години подоцна, проектот е готов, цената е 43 милиони долари.

Зградата од 25 милиони долари што никој не ја сака

Не само што не ја сакаат зградата, туку никогаш не им била потребна, ниту пак некогаш ја искористиле, а изградена е и покрај тоа што 3 американски генерали по ред се обиделе да го сопрат проектот.

Зошто Пентагон пак доби рекордно висок буџет

За да може во буџетот да има дополнителни 7% пари за трошење на домашни проекти (социјално, училишта и сл.), Обама се обиде да ги одоброволи републиканците дозволувајќи им раст од 7% на буџетот за армијата. На републиканците не им се допаѓа првиот дел, со вториот се ОК.

Пентагон и проблемот со броење недвижности

Пентагон низ САД и остатокот од светот, поседува околу половина милион најразлични имоти кои заедно се протегаат на околу 121.400 километри квадратни. Половина од нив не знаат за што им служат.

Што кажува Путин без да збори

Пентагон годишно троши околу 300.000 долари на изучување на говорот на телото на Путин и останатите светски лидери. За сега, парите ги трошат во празно.

Пентагон се крева на штрајк

Повеќе групи работници задолжени за најразлични логистички задачи во Пентагон, денеска ги напуштија своите работни места и започнаа штрајк во седиштето на американското Министерство за Одбрана заради ниските плати.

Краток список на парите што Пентагон ги фрлил во 2013.

Годинава отидени се милијарди долари на бродови што не функционираат, излишни пушки и тенкови кои никому не му требаат. Ова е само тоа што се знае, а добар дел допрва ќе се открива.

Пентагон бон-тон: прашај пред да донесеш бомба

Звучи очигледно ама Пентагон чувствува дека има потреба да ги потсети своите вработени: прашајте ги претпоставените пред да донесете бомба на работа.

Колку индустријата би ја наплатила војната во Сирија?

Тоа што моментално работите изгледаат ведро околу Сирија (барем околу странска интервенција), не им пречи на 6 американски воени бродови товарени со стотици ракети да причекаат во Медитеранот.

Ѓубре од 7 милијарди долари

Во целата желба што е можно побрзо да се исчистат од Авганистан, Пентагон реши дека не му се исплати да враќа во САД повеќе од 7 милијарди долари во опрема.

Најскапото оружје на светот

И покрај економската криза, Пентагон ја извршува најскапата нарачка на оружје во историјата на човештвото тешка 400 милијарди долари. И малку е.

Политика на рампа

Тоа што САД убија 24 пакистански војници, по што им беше затворена границата меѓу Пакистан и Авганистан, сега ги чини Американците по 3 милиони долари на ден.

Уби ме силна бирократија

Од се што се случува во филмот, Пентагон одбил да соработува со продуцентите на The Avengers, само заради одредени бирократски недоследности во приказната.

Команда: delete!

Цели 6 дена и беа потребни на американската армија за да се реши да го објави името на војникот кој пред неколку недели уби 16 недолжни цивили во Афганистан. Што правеле во тоа време? Пробувале да го избришат од интернет.