Таг: нетфликс

Татко ми навиваше за друг клуб

Синот на Пабло Ескобар прописно ги искуди Нетфликс дека го утнале фудбалскиот клуб што го поддржувал неговиот татко. „Ако успеале да го утнат клубот, како човек да им верува за другите работи во серијата?“ А добра е серијата, ама и прашањето е на место.

„Почудни нешта“ и културата на 80-тите

Една од сериите за кои најмногу се зборува деновиве, чијшто успех се припишува на „факторот на носталгијата“. 

Сите нови серии што ги најави Нетфликс

Во Сан Диего веќе се случува Комик кон, веројатно најголемата конвенција за стрипови, суперхерои и видео игри. Нетфликс на конвенцијата ги пушти трејлерите за три сосема нови серии со суперхерои, плус трејлерот за новата сезона од Наркос.

Брат му на Пабло бара претпремиера на Наркос

Роберто Ескобар, братот на Пабло испратил "формално" и "пријателско" барање до Нетфликс да му дозволат да ја прегледа втората сезона на Наркос пред нејзината премиера во септември.

Европа: Нетфликс мора да пушта наши филмови

Европските каталози на дигиталните платфотми како што се Нетфликс и Амазон ќе мора да имаат минимум 20% содржина од европско производство, реши Европската комисија.

Дали ја бива 4-та сезона на Куќа од карти?

Денес Нетфликс ја пушта целата 4-та сезона од серијата. Како што е редот со секоја серија и оваа веќе им беше поделена на критичарите за прегледување. (П.С. Заради ланското протекување на неколку епизоди од Игра на тронови, годинава продукцијата одлучи дека никој нема да добие претпремиера од новата сезона од приказната на Џорџ Мартин.)

Зошто Нетфликс не ги објавуваат рејтинзите

На целата продукција што веќе ја има, Нетфликс ниту еднаш нема објавено рејтинзи за која било своја серија или филм, и ова страшно ги нервира конкурентите, посебно телевизиските канали.

Нетфликс стигна, баба се чешла

Единствена работа која денес никако не би била е директор на телевизија. Зошто? Па заради страшното чудовиште кое се заканува сите да ги проголта. Телевизиите, мислам. Исто како и голем број други дејности, како книжарници, продавници, па дури и цели трговски центри проголтани од прашумата на Амазон.

Нетфликс годинава ќе потроши 6 милијарди долари на содржини. Шест. Милијарди.

Разговарајќи со новинарите околу дебатата "дали им премногу телевизија", ставот на директорот за содржина на Нетфликс е - и да има, другите ќе треба да се забават, бидејќи тие не планираат.

Кодовите од скриените категории на Нетфликс

Една од неочекуваните глобални добрини која годинава ни се случи, ни криви ни должни, е достапноста на Нетфликс кај нас, потег чија важност ќе ви стане јасна кога веќе телевизиските провајдери во Македонија ќе почнат да го наведуваат како причина за пад на приходите, па некој надлежен ќе треба да направи нешто за нивно спасување а.к.а. кратење на сервисот.

На пиратеријата ѝ се случува крајот што ѝ го предвидуваа

Еден од главните аргументи околу пиратеријата што активно беше игнориран од крстоносците против неа, е дека таа им овозможува на луѓето да гледаат што сакаат, кога сакаат и каде сакаат. Токму ова е носечката филозофија зад сите стриминг сервиси, кои (таму кај што ги има) почнаа да ја потиснуваат пиратеријата.

Нетфликс во коски

Стравот од светот во кој можеш да гледаш ТВ програма по избор и без никакви реклами, натера некои од најголемите телевизиски мрежи во САД да се одлучат на најрадикалниот потег во своето постоење - да го намалат бројот на реклами што го пуштаат.

Нетфликс: Топ Гиар не вредат за парите

Кога тројката потпиша за Амазон, официјалната информација беше дека договорот бил "многу, многу, многу скап." Ова го потврдува директор на Нетфликс, кој преговараше, ама не потпиша со водителите на Топ Гиар.

Aлгоритми наспроти човечка проценка

Кевин Спејси има изјавено дека кога Нетфликс му пристапил за улога во „Куќа на картите" тие не му се лигавеле колку добар актер е тој, туку едноставно го информирале дека „според нивната анализа, публиката би ја гледала оваа серија". Таму каде што завршуваат компјутерските анализи, почнува да работи антрополог.

Како се хакира логиката на цените

Кога се работи за цените, луѓето не се однесуваат рационално, и најдобрите компании тоа го знаат. Нетфликс планира да го направи она што никој во САД последниве години не го направил - да дигне цени.

Зошто Нетфликс сака да е на кабелска, кога планираше да ја уништи?

Нетфликс веќе е во сериозни преговори со Комкаст и други провајдери да стане дел од нивната редовна понуда на кабелска телевизија, ама како самостоен канал. Кога се појави Нетфликс требаше да биде компанијата што ќе го стави крајот на кабелската телевизија.