Таг: нба

Повредениот Антиќ ќе го пропушти Ол стар викендот

Перо Антиќ нема да биде дел од Ол стар викендот. Првиот Македонец во НБА лигата не успеа да ја залечи повредата и да испише нова историја во кошарката.

Грент Хил ќе го предводи тимот на Перо Антиќ

Перо Антиќ ќе настапи на Ол Стар викендот како дел од тимот на Грент Хил. Другиот тим на натпреварот на ѕвездите во подем ќе го предводи Крис Вебер.

Автокош со цепелин

Сенегалецот Горги Џенг од Минесота на натпреварот против Оклахома беше побрз од звукот на сирената и постигна поени со цепелин, но во погрешен кош.

НБА правилото кое никој не го знаеше

Кошаркарите на ЛА Лејкерс победија на гостувањето кај Кливленд Кавалирс и тоа откако останаа со четворица играчи, но беа спасени од едно правило за кое многу играчи и тренери не знаеа дека постои.

Враќањето на Перо Антиќ

Првиот Македонец во НБА лигата имаше малерозна повреда на скочниот зглоб пред еден од најважните настапи во неговата кариера, но познавајќи ја неговата пожртвуваност и мотивираност, сигурни сме дека на Ол стар викендот ќе се врати во полн сјај. Навивачите го мотивираат со безброј пораки на интернет, а еден од нив го направи и ова видео.

Првиот пик во сенка на Перо Антиќ

Нашиот фантастичен дебитант Перо Антиќ си доби место на натпреварот на ѕвездите во подем на Ол Стар викендот, а таму нема да го видиме првиот пик на драфтот Ентони Бенет. Ова до сега се има случено само еднаш во историјата на НБА.

Завршува ерата на Дејвид Штерн

Легендарниот комесар на најсилната кошаркарска лига во светот по три децении работа ја напушта највисоката раководна функција. Ќе остане запаметен како еден од најзаслужните луѓе за реформите во НБА лигата во 80-те години.

НБА за инает на НФЛ

Во недела во Њу Џерси ќе се одигра Супер Боул натпреварот од НФЛ лигата, а НБА тоа добро го искористи и закажа супер интересен натпревар во комшии.

Перо Антиќ ќе игра на Ол стар!

Првиот Македонец во НБА лигата продолжува да пишува нови поглавја во историјата на нашата кошарка. Перо Антиќ е избран во идеалниот тим на ѕвездите во подем кои ќе настапат на Ол стар викендот.

Најдоброто од Перо Антиќ

Атланта Хокс периодов е ослабена поради отсуството на нашиот интернационалец кој се очекува на паркетот да се врати за две до четири недели, но тоа не значи дека немаме што да видиме од него.

Атланта декласирана без Перо Антиќ

Кошаркарите на Атланта Хокс без услугите на Перо Антиќ беа високо поразени од Сан Антонио Спарс.

За Леброн маркетингот е богатство, за Новицки ситнеш

Статусот ѕвезда не значи дека на секој НБА кошаркар му носи и голем профит надвор од теренот. Коби Брајант и Леброн Џејмс се магнети за снимање реклами, а Дирк Новицки изгледа дека никој не го вика за такво нешто. Ова се најплатените кошаркари за оваа сезона.

Јуришот на Перо Антиќ

Човекот што го направил видеово (IP14) веројатно исто како и остатокот од фановите утрово со неверување ја дозна информацијата дека Перо (по амерички Пероу) го имаше својот прв дабл-дабл во НБА. И ова само еден натпревар откако го постигна својот рекорд во НБА од 17 коша и тоа против актуелниот шампион, Мајами Хит. Еве го Антиќ во НБА.

Антиќ извонреден против Орландо Меџик

Уште една блескава партија на Перо Антиќ во НБА лигата, овој пат со прв дабл-дабл учинок во победата над „Магичните“ за која практично беше најзаслужен во финишот на мечот со четири поени во низа.

Антиќ постави личен рекорд во триумфот против Мајами

Нашиот единствен претставник во најсилната кошаркарска лига во светот постигна 17 поени против актуелниот шампион во НБА лигата кој синоќа беше поразен од Хокси со 121:114.

Атланта високо поразена во Лондон

Кошаркарите на Бруклин Нетс беа пресилни за екипата на Атланта Хокс која претрпе убедлив пораз од 127:110, вкупно 19-ти на 39 меча оваа сезона во НБА лигата. Перо Антиќ беше дел од стартната петорка.

Атланта го победи и Хјустон

Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа и 20-та победа по 37 одиграни натпревари, совладувајќи ја екипата на Хјустон Рокетс со 83:80.

НХЛ распродава повеќе од НБА

Челниците на НБА лигата се пофалија дека оваа сезона во просек продаваат за 1% повеќе влезници од минатата сезона, но сепак кошаркарите и натаму заостануваат зад хокеарите.

Грифин не знае полека

Блејк Грифин едноставно не знае да забие без тоа да биде немилосрдно направено кон обрачот или противникот. Овој пат негова жртва беше Крис Хамфрис.

Одличната партија на Перо против Индијана

Перо Антиќ одигра уште една одлична партија и го повтори својот рекорд во НБА со 16 поени и тоа против најдобриот тим во лигата во моментов. Ова се сите поени на Перо против Индијана.

Антиќ распали и против Индијана

Кошаркарите на Атланта Хокс ја прекинаа црната серија од три порази во низа и тоа со победа против моментално најдобриот тим во лигата, Индијана Пејсерс. Антиќ го повтори својот рекорден скор во НБА.

НБА ќе го раскине најлошиот договор

НБА лигата најверојатно конечно ќе стави крај на најлошиот договор во историјата на спортот кој ги чини околу една милијарда долари. Овие пари се слеваат во џебот на двајца браќа.

Перо мора да оди на Ол Стар!

Ја започнавме иницијативата за праќањето на Перо Антиќ на Ол стар и решени сме да ја тераме работата до крај, на овој или оној начин. Перо мора да оди на Ол стар, па ако не може на главниот натпревар, тогаш сигурно мора да може на мечот на ѕвездите во подем!

Пораз за Атланта и во Бруклин

Кошаркарите на Атланта Хокс загубија и на гостувањето кај Бруклин Нетс со што го забележаа и третиот пораз во серија.