Кога кошарката руши бариери

Екипата на Филаделфија Севентисиксерс потпиша договор до средношколец со Даунов синдром.

Филаделфија потпиша дводневен договор со средношколецот со Даунов синдром Кевин Гроу. Тој се прослави откако успеа да постигне четири тројки во последните две минути од средношколски натпревар.

Видеото со неговото достигнување стана хит на интернет, по што тој доби понуда од НБА тимот.

Гроу доби свој дрес од екипата и ќе биде дел од Филаделфија во следните два дена. Тој ќе учествува во активностите на Филаделфија пред дуелот со Кливленд и ќе биде дел од екипата за време на интонирањето на химните.

18 февруари 2014 - 15:34