Таг: нба

Девет поени за Антиќ во Чикаго

Кошаркарите на Атланта Хокс немаа време за одмор и втора ноќ по ред одиграа уште еден натпревар и забележаа нов пораз. Овој пат Атланта загуби на гостувањето кај Чикаго Булс.

Блескавата партија на Антиќ

Перо Антиќ го одигра својот најдобар натпревар во кариерата со 16 поени и 7 скокови против Голден Стејт. Ова се сите поени на Антиќ на првиот натпревар во НБА кариерата кој го започна во стартната петорка.

Рекордна ноќ за стартерот Антиќ

Перо Антиќ за прв пат се најде во стартната петорка против Голден Стејт и беше најдобар кај Атланта при разочарувачкиот пораз со тројката на Игудала во последна секунда.

Кога лошо ќе ти тргне годината

Рукито на Шарлот Бобкетс, Коди Зелер имаше лош старт на годината. Најпрвин на својот Твитер профил се пожали дека пак не си фатил женска за новогодишната ноќ, а веќе следниот ден го имаше овој неуспешен обид за забивање преку Блејк Грифин.

"Перо Антиќ е прекрасен човек"

Освен што е одличен играч, Перо Антиќ е прекрасна личност со големо срце. Ние тоа го знаеме уште одамна, а сега и коментаторите на Атланта добро го запознаа нашиот Перо и го претставија на публиката во САД.

Атланта загуби во Орландо

Кошаркарите на Атланта Хокс не успеаа да ја продолжат успешната серија и загубија на гостувањето кај Орландо Меџик со 109:102.

Перо ја спаси Атланта

Со тројката на Перо Антиќ на една секунда пред крајот, Атланта Хокс се изборија за продолжение, а потоа и славеа против Шарлот Бобкетс со 118:116.

Среќни празници од Перо и „Јастребите“

Перо Антиќ и неговите колеги им ги честитаа Божиќ и новогодишните празници на навивачите на Атланта Хокс.

Најдобрите „банани“ во 2013

Добра блокада на кошаркарски натпревар е подобар момент и од забивање. Сите обожаваат добра „банана" (освен оние кои биле изблокирани). Ова се најдобрите блокади во НБА лигата за изминатата година.

Забавната страна на НБА

Освен добрите натпревари, најквалитетното кошаркарско натпреварување секогаш нуди и добра забава. Ова се најинтересните моменти од НБА лигата во 2013-та година.

Мајами се провлече против Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс испуштија водство во финишот од регуларниот дел и загубија од Мајами Хит по едно продолжение и трилер завршница.

Монструозното забивање на Леброн

Леброн Џејмс му посака топло добредојде во НБА лигата на дебитантот Бен Меклемор со ова сурово забивање за веќе да не му падне на памет да му застане на патот.

Атланта ја растури Јута

Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа третата победа во серија на домашен терен, совладувајќи ја Јута Џез со убедливи 118:85. Перо Антиќ одигра солидна партија со седум поени.

За малку тепачка на клупата на Мајами

Марио Чалмерс секогаш е мета на неговите соиграчи при напнати ситуации, но овој пат тој се извлече за влакно. Соиграчите во последен момент го задржаа Леброн Џејмс за време на натпреварот против Индијана кој Мајами го доби со 97:94.

Рекордна ноќ за Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс врзаа две победи совладувајќи ги Сакраменто Кингс на натпревар на кој „Јастребите" срушија и израмнија неколку рекорди. Антиќ доби пет ипол минути.

Најдоброто промашено забивање

Андре Игудала го одигра првиот натпревар за Голден Стејт по повредата од минатиот месец и за малку ќе го направеше најдоброто забивање на сезоната, но Џејсон Смит му го попречи патот до кошот.

Коби не им помогна на Лејкерс против Атланта

Лејкерси го забележаа и четвртиот пораз по пет одиграни натпревари од враќањето на Коби Брајант. Овој пат тие загубија на гостувањето кај Атланта Хокс.

„Јастребите“ немоќни против Њујорк

Кратко траеше радоста на Перо Антиќ кој завчера ја направи клучната асистенција за победа на неговиот тим против Вашингтон.

Дурент ја реши Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс го претрпеа 11-от пораз по 22 одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" без Перо Антиќ немаа одговор за одличниот Кевин Дурент.

Коби се врати!

По осум месеци пауза заради повредата Ахиловата тетива, Коби Брајат се врати на терените, но неговото враќање во НБА му го расипаа кошаркарите на Торонот Репторс кои ги изненадија Лејкерси.

Корвер постави нов рекорд во НБА лигата

Соиграчот на Перо Антиќ од Атланта Хокс, Кајл Корвер стана првиот кошаркар во НБА лигата кој постигнал барем една тројка на 90 натпревари во серија.

НБА играчот кој никогаш не настапил трезен e зад решетки

Искрениот Кеон Кларк кој настапувал за четири НБА екипи и признал дека секогаш пред да го фати баскетот прво се фаќал за чашката, ќе оди во затвор. Обвиненијата не му се поради алкохол, туку поради трговија со дрога и оружје.

Атланта им се врати на победите

По двата порази, кошаркарите на Атланта Хокс ја започнаа серијата од четири натпревари на домашен терен со победа над ЛА Клиперс.

Најдобрите забивања во ноември

Ова се десетте најдобри забивања во НБА лигата во месец ноември, а забивањето на Ксавиер Хенри уште сега можеме да го номинираме и за најдобро во сезоната.