„Јастребите“ немоќни против Њујорк

Кратко траеше радоста на Перо Антиќ кој завчера ја направи клучната асистенција за победа на неговиот тим против Вашингтон.

Кошаркарите на Атланта Хокс гостуваа на „Медисон Сквер Гарден" каде загубија од Њујорк со 111:106 и во моментов се третопласирани во Источната конференција во НБА лигата со скор од 12 победи и 12 порази.

По паузата од три меча нашиот единствен наш играч во НБА лигата повторно доби шанса и доби минутажа од 10 минути на кои постигна 5 поени (1/1 за два и 1/2 за три поени), а оствари и еден офанзивен скок.

Најзаслужен за триумфот на домаќините беше Кармело Ентони со 35 поени, додека Андреа Барњани постигна 23. Кај Атланта најпрецизен беше Лу Вилијамс со 27 коша.

Во понеделник Атланта на домашен терен го пречекува тимот на Лос Анџелес Лејкерс каде кам бек неодамна направи Коби Брајант кој отсуствуваше долго време поради повреда.

Резултати:

Шарлот – ЛА лејкерс 85-88
Вашингтон – ЛА клиперс 97-113
Мајами – Кливленд 114-107
Чикаго – Торонто 77-99
Филаделфија – Портланд 105-139
Далас – Милвоки 106-93
Јута – Сан Антонио 84-100

15 декември 2013 - 20:07