По три меча греење клупа Перо Антиќ се врати на паркетот во вистински момент и беше еден од најзаслужните за победата на својот тим кој одигра целосно неизвесен натпревар против Вашингтон пред своја публика.
При резултат 99:99, Антиќ на 1,8 секунди до крајот со клучна асистенција го пронајде под кошот Ал Корфорд кој со последниот звук на сирената погоди за победа на „Јастребите“, вкупно 12 оваа сезона.
Нашиот кошаркар одигра скоро 13 минути во кои имаше учинок од четири поени (1/2 за два поени, 2/2 за еден поен и 0/1 за три поени,), еден дефанзивен скок и четири асистенции.
Предводник на триумфот на Атланта беше Ал Хорфорд со 34 поени и 15 скокови, дабл дабл учинок оствари и Пол Милсал со 16 поени и 11 скокови, а Кајл Корвер постигна 16 поени.
Резултати:
Орландо – Кливленд 100:109
Индијана – Шарлот 99:94
Торонто – Филаделфија 108:100
Бостон – Њујорк 90:86
Детроит – Бруклин 103:99
Њу Орлеанс – Мемфис 104:98
Оклахома Сити – Лејкерс 122:97
Милвоки – Чикаго 90:91
Сан Антонио – Минесота 117:110
Денвер – Јута 93:103
Феникс – Сакраменто 116:107
Голден Стејт – Хјустон 112:116