По серијата од три порази, кошаркарите на Атланта ја забележаа деветата победа оваа сезона совладувајќи го Далас со голем пресврт и неизвесна завршница.
На 8,3 секунди до крајот на натпреварот помеѓу Бруклин и ЛА Лејкерс, тренерот на домаќините, Џејсон Кид повеќе нема тајм-аути, па смисли нова тактика за да добие неколку секунди за кои неговиот помошник го нацрта последниот напад.
Кошаркарите на Атланта Хокс го забележаа шестиот пораз во сезоната откако загубија на домашен терен од Бостон Селтикс со 87:94. Антиќ имаше учинок од само два поени.
Перо Антиќ го одигра најдобриот натпревар до сега во НБА. Тој постигна за него рекордни 12 поени против екипата на Мајами Хит на натпревар на кој Атланта го забележа и петтиот пораз оваа сезона.
Џеф Тиг со рекордно издание во неговата кариера ја предводеше Атланта до победа против Филаделфија на натпревар на кој тренерот Баденхолцер повторно му даде одмор на Перо Антиќ.
Атланта Хокс ја забележа четвртата победа по седум одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" славеа на гостувањето кај Шарлот Бобкетс, а Перо Антиќ доби заслужен одмор од тренерот.
Кошаркарите кои биле бирани како први прикови на НБА драфтот секогаш имале тежок почеток на сезоната, но најверојатно никој не бил толку ужасен како Ентони Бенет кој и по четири натпревари се уште нема постигнато ниту еден поен од поле.
Кошаркарот на Бруклин Нетс, Ендри Блач заработи казна од 15.000 заради непристојна прослава. Резервниот центар непристојно гестикулираше при прославата на тројка на клупата за резерви за време на победата над Мајами.
Атланта Хокс на Перо Антиќ го забележа вториот пораз на третиот натпревар во новата сезона на НБА лигата. Овој пат Атланта беше блиску до изненадување во Лос Анџелес, но на крајот Лејкерси победија со 105:103.
Перо Антиќ ги постигна првите поени на официјален натпревар во НБА. Првиот Македонец во ова натпреварување имаше учинок од пет поени во првата победа на Атланта Хокс оваа сезона, совладувајќи го Торонто со 102:95.
Ок е денешниот ден затоа што веројатно ви стигнала платата и сега правите планови какви ќејфови да терате викендов. Најлесно тоа ќе го испланира Коби Брајант затоа што денеска му легнаа на сметка скромни 24 милиони долари.
Ако случајно сте добиле седмица на лото, можеби ќе сакате да потрошите 15.000 долари за од прв ред да го гледате дербито Мајами-Лејкерс. Не е проблем и ако немате толкав џеб. Некои натпревари во НБА може да ги гледате и за помалку од 10 долари.