Атланта им се врати на победите

По двата порази, кошаркарите на Атланта Хокс ја започнаа серијата од четири натпревари на домашен терен со победа над ЛА Клиперс.

Кајл Корвер го израмни клупскиот рекорд за најмногу натпревари во серија на кој постигнал барем една тројка при победата на Хокс над Клиперс со 107:97.

Ова беше 89-ти натпревар во низа на кој Корвер погодил од линијата за три поени. Тој на овој натпревар постигна вкупно 23, а најефикасен беше Пол Милсап со 25 поени. Блејк Грифин со 24 и Крис Пол со 19 поени и 11 асистенции беа најдобри кај Клиперс.

Перо Антиќ повторно не настапи. Оваа сезона Атланта Хокс одигра 20 натпревари и забележа по 10 победи и порази, а Антич до сега има настапено на 11 натпревари.

Резултати:

Кливленд - Денвер 98:88
Атланта - ЛА Клиперс 107:97
Хјустон - Феникс 88:97
Милвоки - Детроит 98:105
Њу Орлеанс - Далас 97:100
Јута - Индијана 86:95
Портланд - Оклахома Сити 111:104
Минесота - Сан Антонио (одложено)

5 декември 2013 - 08:28