Атланта Хокс овој пат им се одмазди на Никси за поразот од пред неколку денови и славеше во Њујорк со 90:110. Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Кармело Ентони со 23 поени, а кај Атланта тоа беше Џеф Тиг со 16.
За жал Македонците немаа шанса да го видат Антиќ во игра кој втор натпревар по ред одмораше на клупата.
По натпреварот Антиќ преку својот Твитер профил се заблагодари за поддршката во Њујорк:
NY grmese deneska od falangata!! Znaminja razveani vo Madison square garden!! Vi blagodaram!!
— Pero Antic (@antic12pero) November 17, 2013
Еве како тоа изгледаше: