Детроит повторно на менито на Атланта

Втора победа на Атланта над Детроит за три дена. Овој пат „Јастребите" славеа на гостински терен и повторно без услугите на Перо Антиќ.

Предводени од Џеф Тиг и Ал Хорфорд, Атланта Хокс ја забележаа осмата победа оваа сезона.

Тиг имаше учинок од 18 поени и 9 асистенции, а Хорфорд 17 поени и 11 скокови. Милсеп и Корвер постигнаа по 14 поени за победа на Атланта од 89:96.

И на овој натпревар Антиќ одмораше на клупата.

На останатите натпревари беа постигнати следните резултати:

Шарлот - Феникс 91:98
Филаделфија - Милвоки 115:107 пр.
Торонто - Вашингтон 96:88
Бостон - Индијана 82:97
Минесота Бруклин 111:81
Мемфис - Сан Антонио 86:102
Њу Орлеанс - Кливленд 104:100
Далас - Јута 103:93
Портланд - Чикаго 98:95
Лејкерс - Голден Стејт 102:95

23 ноември 2013 - 08:57