Мајами се провлече против Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс испуштија водство во финишот од регуларниот дел и загубија од Мајами Хит по едно продолжение и трилер завршница.

По израмнет натпревар во кој двете екипи се менуваа во водство, Атланта Хокс поведе со +7 (100:107) на 90 секунди до крајот, но преостанатото време беше доволно за шампионот.

На осум секунди до крајот, Ален погоди три слободни за израмнување (111:111), по што Милсеп го промаши нападот за победа.

Во трилер завршницата на првото продолжение, на две секунди до крајот Корвер не успеа да реализира по додавањето на Антиќ и Мајами триумфираше со 121:119.

Леброн Џејмс го предводеше Мајами со 38 поени, а најефикасни кај Атланта беа Тиг со 26 и Милсеп со 25 поени. Антиќ одигра четири минути и имаше учинок од три скока.

Резултати:
Кливленд - Детроит 92:115
Орландо - Њујорк 98:103
Шарлот - Милвоки 111:110 (пп)
Бруклин - Индијана 86:103
Хјустон - Далас 104:111
Мемфис - Јута 104:94
Сан Антонио - Торонто 112:99
Денвер - Голден Стејт 81:89
Феникс - Лејкерси 117:90
Сакраменто - Њу Орлеанс 100:113
Мајами - Атланта 121:119 (пп)

24 декември 2013 - 08:29