Коби се врати!

По осум месеци пауза заради повредата Ахиловата тетива, Коби Брајат се врати на терените, но неговото враќање во НБА му го расипаа кошаркарите на Торонот Репторс кои ги изненадија Лејкерси.

Коби Брајант се врати со учинок од девет поени и осум скокови на дебито во сезоната за Лејкерс, но Амир Џонсон имаше рекордни за него 32 поени во изненадувачката победа на Торонто Репторс на гостувањето во Лос Анџелес со 94:106.

Брајант ја започна 18-та сезона во НБА со 2/9 реализација, четири асистенции и осум загубени топки за 28 минути игра. Четвртиот најдобар стрелец во историјата на НБА лигата немаше играно од април и помина неколку месеци рехабилитација пред враќањето на 20-от натпревар за Лејкерс оваа сезона.

Лејкерс не водеа ниту еднаш на натпреварот и им дозволија на кошаркарите на Торонто да ја прекинат нивната црна серија од пет порази во низа.

Мајами Хит и без Двејн Вејд успеа да триумфира против Пистонс во Детроит со 95:110, а најефикасен на натпреварот беше Леброн Џејмс со 24 поени.

Резултати:

ЛА Лејкерс - Торонто 94:106
Хјустон - Орландо 98:88
Оклахома - Индијана 118:94
Детроит - Мајами 95:110

9 декември 2013 - 08:16