Натпреварите на најдобрите дебитанти во НБА лигата се дел од Ол Стар викендот уште од 1994-та година, а од 1999-та година на овој натпревар на ѕвездите во подем учествуваат и кошаркарите кои ја играат својата втора сезона во НБА.
Во 20-годишната историја на НБА Ол стар натпреварите на ѕвездите во подем, првите пикови на драфтот не биле повикани на овие натпревари само два пати.
Првиот пат тоа се случи со рукито на Вашингтон Визардс, Кваме Браун првоизбраниот кошаркар на драфтот во 2001-та година зад кој беа Тајсон Чендлер и Пау Гасол.
Вториот кој ја имаше таа чест да се најде во ова елитно друштво е првиот пик на драфтот од оваа сезона, Ентони Бенет од Кливленд Кавалирс. Тој целосно потфрли оваа сезона и нема да му прави друштво на Перо Антиќ на натпреварот во Њу Орлеанс.
Само колку за споредба, да видите како изгледаат статистиките на првиот пик меѓу дебитантите и нашиот дебитант: