Покрај Перо Антиќ, во тимот предводен од легендата Грент Хил ќе настапат и Демиен Лилард од Портланд, Дион Вејтерс од Кливленд, Харисон Барнс од Голден Стејт, Теренс Џонс од Хјустон, Јанис Антетокумпо од Милвоки, Јонас Валанчиунас од Торонто и Бредли Бил од Вашингтон.
Противничкиот тим ќе го предводи Крис Вебер и тој се одлучи за Ентони Дејвис од домашниот Њу Орлеанс, Кели Олинк од Бостон, Џаред Салинџер од Бостон, Мејсон Пламли од Бруклин, Тим Хардавеј од Њујорк, Стивен Адамс од Оклахома, Виктор Оладипо од Орландо, Мајкл Картер -Вилијамс од Филаделфија и Треј Берк од Јута.
Натпреварот помеѓу ѕвездите во подем ќе се одигра на 14 февруари.