Лоша вест пристигна синоќа од САД. Перо Антиќ нема да биде во можност да биде дел од НБА Ол Стар викендот заради повреда.
Откако Антиќ импресионираше во својата дебитантска сезона, тој доби повик да биде дел од натпреварот на ѕвездите во подем на Ол Стар викендот.
Антиќ требаше да биде дел од тимот на Грент Хил, но лекарскиот тим на Атланта Хокс процени дека фрактурата на скочниот зглоб не е доволно залечена и тој нема да настапи на Ол стар викендот кој ќе се одржи од 14 до 16 февруари во Њу Орлеанс.
The @Suns @milesplumlee13 replaces @antic12pero on #TeamHill in the #BBVACompassRisingStars
— NBA All-Star (@NBAAllStar) February 7, 2014
Неговото место ќе го пополни центарот на Феникс Санс, Мајлс Пламли.