Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.
Натпреварите од италијанското фудбалско првенство привлекуваат сè помалку навивачи на стадионите. Статистиката покажува најголем пад на гледаноста во последните пет години од 11,4%.
Во Киев, по натпреварот Днипро и Сент Етјен од последното коло во Лигата на Европа повредени се 12 навивачи на францускиот клуб кои запалија украинско знаме. Во исто време, во Загреб навивачите на Селтик се степаа со хрватската полиција која фрлаше солзавец.
Да се биде навивач е искрена романтика. Да се дава глас, раце, дланки, срце за гол, за моментот во кој навивачот ќе ги заборави сите човечки потреби и ќе му удри шамар на системот.
Пред почетокот на дуелот Атлетико Мадрид - Депортиво вчера во 12 часот претпладне, навивачите на двата тима се судриле на 3 локации во Мадрид, при што загина еден гостински навивач, кој бил фрлен во реката Манзанарес.
Навивачката група Лојал Фанс ги поканува сите навивачи на ФК Вардар во недела да дојдат на Арената Филип II и заедно да го прослават јубилејот од 15 години постоење, како и есенската титула на нивниот омилен фудбалски клуб.
И фудбалерите вчера беа цареви, бидејќи ги испоштуваа најдругарски за вчерашната поддршка во Лондон каде дојдоа околу 4.000. Милионерите имаа заверено осминафинале и пред мечот, а во Бундеслигата играат ужасно и се наоѓаат на 16-то место.
Во операција на карабинерите, уапсени се 22 навивачи на Јувентус од групата Bravi ragazzi (Добри момци). Се сомничат за шверц на дрога по море од Албанија во Италија, неовластена продажба нa карти за натпреварите на Јувентус, како и за инциденти на стадионите.
По реакцијата на навивачите и стручниот штаб, шпанскиот прволигаш ќе ѝ помогне на 85-годишната жена која останала без стан поради долгот на нејзиниот син.
Еден фан на Арсенал е уапсен по натпреварот меѓу „топџиите" и Манчестер Јунајтед, затоа што ги гаѓал и испрскал со црвено вино резервните играчи на гостите. Уште во 2008. година, Фергусон тврдеше дека клупата не е сигурна поради близината на навивачите позади.
Сите кошаркарски натпревари во турското првенство викендов започнаа со една минутa молк во знак на почит кон убиениот навивач на Црвена Звезда. Договорот го испочитуваа сите, освен оние кои се највиновни за трагичниот настан. Тренерот Ергин Атаман се обиде да ги смири во еден момент, но срамните свирежи од трибините не престанаа.
По трагичниот настан вчера вечер во Истанбул, каде навивач на Црвена Звезда беше прободен со нож во срцето, се огласија повеќе страни, меѓу кои и турскиот премиер, како и СД Галатасарај. Делиите попладнево нема да навиваат на фудбалскиот меч меѓу Раднички КГ и Црвена Звезда.
Хрватите имаа 1:1 против Италија на Сан Сиро и шанси за победа, а нивните навивачи на два пати го прекинуваа квалификацискиот меч со фрлање бакљи на терен. По судирот со италијанската полиција, уапсени се 16 Хрвати.
Еден од најпопуларните бразилски клубови соопшти дека до крајот на идната година ќе бидат завршени гробиштата на кои секој навивач ќе може да си купи парцела.
Некои го викаат грекви, кај нас го знаеме како зига-зага, а во Англија го попримија полското the Poznan. Навивачите на Њукасл на тој начин вчера го прославија триумфот 0:2 против Манчестер Сити во Лига купот.
Фудбалерот на Динамо Букурешт, Каталин Хилдан почина на сред натпревар од срцев удар на само 24 години. Трагедијата се случи на 5 октомври 2000 година, а навивачите од тогаш не испуштаат меч на кој му скандираат „единствениот капитен“. Синоќа на 14 годишнината од смртта смислија посебна кореографија.
По вчерашниот триумф над Актобе од Казахстан, фудбалерите на Легија мораа да се задоволат со пласман во Лига Европа. Но навивачите не можат да ја прежалат казната од УЕФА која ги исфрли од квалификациите за ЛШ, поради тоа на реваншот против Селтик влезе фудбалер кој немаше право на настап. Пољаците имаа вкупни 6:1 против Селтик во третото квалификациско коло, но не заиграа во плејофот од најелитното клупско европско натпреварување.
Припадник на секцијата Лас Антенас починал во болница откако бил застрелан, по судирот меѓу две спротивставени фракции на аргентинскиот второлигаш Нуева Чикаго. Повредени се уште четворица навивачи на клубот кој е познат по црната хроника.