Фудбалерите на ПСВ викендов ја торпедираа Бреда со 6:1 во рамките на второто коло од холандскиот фудбалски шампионат, а домашните навивачи веднаш почнаа со протести.
Тие извадија банер “Fuck WiFi, support the team“ и со тоа изразија незадоволство што клубот од оваа сезона вовел пристап до интернет на трибините.
Најстраствените навивачи на холандскиот прволигаш сметаат дека многу гледачи трошат повеќе време на социјалните мрежи на своите телефони, отколку што го следат мечот.