Целата акција на италијанската полиција почнала од Торино и се водела во Пиемонте, Сицилија и Албанија, а меѓу уапсените има и еден Албанец, како и Андреа Пунторно, водачот на тифозите на Јуве. При апсењето кај Пунторно полицијата пронашла килограм хашиш и 40.000 евра, а последен пат бил приведен по тепачка меѓу водечката група на трбината, Drughi и неговите Bravi Ragazzi за време на мечот Јувентус - Копенхаген.
Токму водачот на ултрасите е главен осомничен, има 37 години и потекнува од местото Агригенто. Веќе бил осудуван за продажба и растурање на дрога. Според Газета дело Спорт, полицијата открила дека криминалците од 2011. година до сега заработиле повеќе од милион евра од продажба на наркотици.
Дрогата ја шверцувале со јахти и чамци од Сицилија кон Албанија. Групата имала и неколку членови од Романија и Албанија, кои служеле за интервенција во случај на трибините да биде нападнат некој од секцијата Bravi Ragazzi. Следниот викенд во Серија А се игра градското дерби Торино - Јувентус.