Во операција на карабинерите, уапсени се 22 навивачи на Јувентус од групата Bravi ragazzi (Добри момци). Се сомничат за шверц на дрога по море од Албанија во Италија, неовластена продажба нa карти за натпреварите на Јувентус, како и за инциденти на стадионите.