Таг: навивачи

Не е сееднo

По сценариото на една позната реклама од соседството, навивач на Левски залута на трибината на ЦСКА и истата ја напушти натепан и соблечен до гола кожа.

Најгласните навивачи на светот предизвикаа земјотрес

Навивачите на американскиот НФЛ тим Сиетл Сихокс не само што го срушија светскиот рекорд и станаа најбучни навивачи, туку и со своето навивање предизвикаа мал земјотрес на стадионот.

Јуве “го освои“ Скудетото пред 12.000 деца

Пред неколку дена пишувавме за генијалната идеја на италијанскиот шампион кој побара од Италијанската фудбалска федерација гостинските трибини кои поради казна беа затворени ова коло, да им ги отвори само за деца. Идејата веднаш им беше прифатена, а Јувентус привлече не 6.000 како што најпрвин беше најавено, туку двојно повеќе млади навивачи кои се радуваа на победата против Удинезе во судиското продолжување.

Колку пари ви требаат да гледате европски клуб?

За во живо да ги следите натпреварите на еден европски клуб деновиве треба да издвоите мало богатство.

Германците газди во Бордо

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт синоќа поставија нов рекорд на посетеност на гостински натпревар во Лигата на Европа. Тие отпатуваа во неверојатна бројка од вкупно 15.000 како да се работи за финале од Лигата на шампионите.

Тифозите во Италија се повеќе на екстремната десница

Карло Амбра, експерт од истражувачкиот полициски сектор „Ucigos" кој го анализира навивањето како феномен во Италија, направи биланс во однос на нивната политичката определба, а како најголема дискриминирачка појава го издвојува расизамот.

Македонските клубови да учат од примерот на Јувентус

По освоеното Скудето во месец мај, италијанскиот шампион годинава "ќе освои" уште едно и тоа следниот викенд. Трибините на кои пред две недели дивееа навивачите на Наполи, сега ќе ги пополнат со над 6.000 деца кои ќе ги учат убавите страни на фудбалот.

Локалниот клуб се сака и со дониран тутун

Големите европски клубови заработуваат од навивачите со наплаќање на членарини, продажба скапи влезници и навивачка опрема, а еден наш третолигаш опстанува со дониран тутун од страна на навивачите.

Пријателско дерби на трибини, но пеколно на теренот

Викендов во Премиер лигата ќе се одигра Мерсисајд дербито помеѓу Евертон и Ливерпул, натпреварот кој е познат како пријателско дерби на трибините со фамилии поделени на „црвени" и „сини", но најнедисциплиниран дуел на теренот.

Индонезиско и незаборавно „Ел Класико“

Ако случајно се најдете во Индонезија, а баш тогаш се игра некое јако фудбалско дерби од Европа, рачунајте дека можете да го гледате како да сте на стадион. Откако ви го пренесовме дербито помеѓу големите ривали Лацио и Рома, сега повторно преку “лудите“ Индонезијци ве носиме на импровизираниот „Камп Ноу“.

Историското дерби на Ерусалим го добија навивачите

Минатата недела во второлигашки спектакл во Израел, тимот оформен од страна на разочарани навивачи го победи клубот за кој што порано тие навиваа.

Ќе дриблаат 1966 км до Бразил за хумани цели

За слична, но многу подолга авантура се реши еден храбар Американец кој планираше сам да пешачи до Бразил, но во оваа приказна се работи за тројца другари од Англија.

Најдобрата навивачка збунка

Кошаркарите на Колумбија загубија два напади на многу глуп начин благодарение на трик од страна на навивачите на Мичиген Стејт.

Фудбалерите и навивачите си ги заменија местата

Играчите на романскиот второлигаш УТА Арад се главна вест во земјата откако си ги заменија местата и им пееја песни на навивачите.

Фалангата го освои Медисон Сквер Гарден

Перо Антиќ има огромна поддршка од Македонци на сите терени во НБА, а „Фалангата" посебно грмела во Њујорк на гостувањето на Атланта против Никси.

Фудбалери ќе им враќаат пари на навивачи заради пораз

По елиминацијата од петолигашка екипа, фудбалерите на англискиот третолигаш Свиндон ќе им ги вратат парите на навивачите кои отпатуваа на гостувањето.

Офсајд лик на денот: Чад Смит

Денешниот наш офсајд лик не е спортист, туку тоа е тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс кој испровоцира навивачи и се покаја. Чад Смит го навлече гневот на навивачите на бразилскиот клуб Фламенго, па по смртните закани мораше да ги моли за прошка и да им се извинува на 1001 начин.

Третолигаш со 60.000 навивачи

И додека македонскиот шампион го следат во просек по 175 гледачи, во земјите каде вистински се цени фудбалот, навивачите не го напуштаат својот клуб дури ни кога ќе падне на дното. 60.000 навивачи го бодреа бразилскиот третолигаш Санта Круз, клубот кој и во четвртата лига имаше во просек по 39.000 гледачи.

Морбидни навивачки шеги во Бундес лигата

Во петок се игра дербито меѓу големите ривали Хановер и Брауншвајг, но меѓусебното навивачко тролање им е откриено пред време.

Како се руши „Жолтиот ѕид“ на Дортмунд

Јужната трибина на Вестфален стадионот, пополарно наречена „Жолт ѕид" е позната по својата атмосфера и гласни навивачи, но тие можат да бидат замолкнати.

Кога ти е досадно на трибина

Двајца навивачи на српскиот клуб Слобода од Ужице на гостувањето во Јагодина покажаа дека навивачите знаат и да се забавуваат на трибина, а не само да прават инциденти.

Бизнисот го уби фудбалот

Навивачите на Рајо Ваљекано протестираа против распоредот и термините за одигрување на натпреварите кои се контролирани од телевизиите.

Најлудото дерби во 100 секунди

Тепачки, бакљи, водени топови, пожари, прекини... натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Партизан имаше се што му е потребно на едно вистинско дерби помеѓу лути градски ривали (за разлика од на пример дербито на Манчестер). Токму затоа и Англичаните го нарекоа најлудото дерби на светот. Како помина 145-то дерби помеѓу Звезда и Партизан во 100 секунди.